• Latest

Османи: Економијата и одбраната во фокусот на стратешкиот дијалог со САД

May 7, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Османи: Економијата и одбраната во фокусот на стратешкиот дијалог со САД

May 7, 2022 12:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно одличната соработка со САД и силната поддршка која ни ја даваат континуирано, но и бројните иницијативи во сите општествени сектори, сметавме дека времето е созреано за подигнување на уште едно повисоко ниво во скалилото на односи, а тоа е изјавата за стратешко партнерство со САД да се преведе во процес на стратешки дијалог што ќе значи фокусиран процес на имплементација, приоретизирање, но и следење и мониторирање на тие односи, ставање во рамка на сите тие фрагментирани, бројни иницијативи меѓу нашите држави во еден фокусиран процес кој ќе се следи во рамки на овој стратешки дијалог, информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција.

Османи појасни дека на денешен ден пред 14 години е потпишана изјавата за стратешко партнерство со САД со што односите меѓу двете држави се подигнаа на уште едно повисоко ниво на стратешко партнерство кое, како што кажа, кулминира со поддршката за нашето членство во НАТО во 2020 година и тоа партнерство, според министерот, се карактеризираше со голема блискост, взаемна доверба и мноштво проекти и иницијативи за поддршка на демокрактските институции за создавање функционална мултиетничка демократија, но и на сите останати сектори.

Тој процес, како што појасни Османи, двете влади го почнуваат во Вашингтон на 2 јуни, како признание за нашите постигнувања воопшто, но и во односите со САД.

– МНР ќе го води тој процес на стратешки дијалог од наша страна, целата Влада ќе биде дел од тој процес во рамки на тематските прироитети кои ги определивме во овие разговори. Бидејќи во меѓувреме ние ги правиме подготовките има меѓуресорка работна група во која се вклучени министри од ресорите кои во овој прв процес што го почнуваме ги определивме како најважни – владеење на правото, политичките односи, антикорупција како еден сегмент, соработка во делот на одбраната, сајбер заштита, економска соработка, инвестиции, создавање на пазарна економија се разбира сорботка во делот на енергијата, и останатите теми во рамки на мултилаатералната соработка кои ги поделивме на тематски целини, информира Османи.

Дијалогот од наша страна ќе го води МНР, а од нивна страна Стејт Департментот.

– Ги определивме како важни приоритети соработката во делот на енергијата, беше многу важно со САД ја да отвориме и темата за одбрана, сајбер заштита, безбедност, меѓутоа и конкретни иницијативи во делот на културата, образованието, движењето на нашите граѓани во САД обратно. Имаме уште цел месец да ја дефинираме агендата, да ги поставиме нашите размислувања, таму ќе одиме цела Влада да ги претставиме нашите приоритети, рече Османи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ