• Latest

Османи-Гервала: Продлабочувањето на добрососедските односи е во интерес на двете држави и европската иднина

July 30, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи-Гервала: Продлабочувањето на добрососедските односи е во интерес на двете држави и европската иднина

July 30, 2021 15:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Скопје ѝ беше домаќин на вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала-Шварц, која престојува во официјална посета на нашата држава.

– Тема на разговор беа и нашите заеднички амбиции: како од регионален аспект, за унапредување на регионалната соработка, така и во однос на евроатлантските амбиции на двете земји, чија иднина ја гледаме како полноправни членки на Европската Унија и НАТО, нагласи Османи и ја пренесе искрената поддршка што Северна Македонија ја има за членството на Косово во евроатлантските механизми за соработка и интеграција.

Османи истакна дека нашата дипломатија е подготвена да ги стави на располагање искуствата во процесот на евроатлантска интеграција и искуствата во процесот на пристапување во ЕУ на Косово.

За време на тет-а-тет средбата, како и за време на пленарните разговори на двете делегации, како што истакна Османи, се разговарало за различни билатерални прашања од взаемен интерес, при што беше искажано задоволство од континуираниот политички дијалог и посветеноста за градење и продлабочување на добрососедските односи, во интерес на двете држави и нивната европска иднина.

Османи и Гервала го потврдиле интересот на двете Влади за што поскоро завршување на подготовките за одржување на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Косово, одложено поради парламентарните избори одржани во Косово, во почетокот на годината. Во рамките на седницата, се очекува да се потпишат повеќе усогласени текстови на договори, со што значително ќе се унапреди договорната  рамка и отворат нови перспективи за соработка.

Двајцата министри се согласија дека е неопходно фокусот во наредниот период да се стави на  инфраструктурното поврзување во делот на транспорт и енергетиката, економијата и трговската размена, но и севкупно унапредување на соработката и во други области, како правдата, културата, здравството и други, беше нагласено на средбата.

Косовската министерка, која е во прва официјална посета на С Македонија, од своја страна истакна дека има посебна врска со Скопје, бидејќи е родена тука и голем дел од детството го поминала во Скопје.

– За мене ова не е обична билатерална посета, бидејќи во мојот пасош како место на раѓање секогаш пишува Скопје, јас сум родена во Скопје, го поминав детството, летував со дедо ми и баба ми во Скопје. Поврзана сум со овој град, поврзана сум со ова место, рече меѓудругото Гервала-Шварц на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Османи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ