• Latest

Османи и Маричиќ: Не за преговарачка рамка во која се вметнати билатерални услови

June 24, 2022
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи и Маричиќ: Не за преговарачка рамка во која се вметнати билатерални услови

June 24, 2022 15:10
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на денешниот заеднички брифинг категорички ја отфрлија можност за прифаќање преговарачка рамка за членство во ЕУ доколку во неа се вметнати објаснувања за македонскиот јазик, протоколи за следење на исполнувањето на Договорот со добрососедство со Бугарија и услов измената на уставната Преамбула да се случи пред отварањето на преговорите со Унијата, на што инсистира Бугарија.Тој потенцира дека она што во јавноста излезе како „француски предлог“, всушност е работната верзија на преговарачка рамка и други заклучоци што се доставен до земји членки и во кои има „загради и прашања“, а не конечна верзија на предлогот.

– Во преговарачката рамка нема прашања и формулации во загради. Тоа значи дека тоа се неусогласени формулации, појасни Османи.

Во однос на Резолуцијата усвоена во бугарското Собрание со кој се изразува ставот на Бугарија по однос на предложениот текст, Османи потенцира дека не може да ја коментира затоа што ја нема видено.

– Прво, треба да видиме што текст има изгласано Република Бугарија и како тоа ќе се одрази на тоа што француското претседателство ќе го достави како конечен предлог, бидејќи верзијата која што беше споделена со земјите членки е работна верзија, која што не е завршена. Одредени прашања за коишто двете земји не успеавме да се усогласиме, останаа во загради како нерешени, односно неусогласени прашања. Така што допрва треба да видиме што точно и која е бугарската позиција, рече Османи.

Тој додаде дека сега врз основа на официјалната формална позиција на Бугарија и нашата што вчера јавно ја претстави премиерот Димитар Ковачевски во Брисел, треба да се види каков пристап ќе има француското претседателство.

– Ќе бидеме во комуникација со нив наредните денови и да видиме што ќе достават како конечен предлог, додаде Османи.

Тој нагласи дека сега имаме формална позиција на Бугарија и од наша страна што вчера ја презентира премиерот Ковачевски.

– Тие се главните точки коишто за нас се судбински – јазикот, историските прашања како главен критериум за напредување во преговорите и динамиката на уставните промени. Знаете дека има разлика помеѓу бугарскиот став и нашата позиција која што вели дека ние не можеме да имаме уставни промени ако немаме почеток на преговори. И верувам дека француското претседателство првпат ги има бугарските позиции и нашите позиции и сега тие треба да имаат крајна одлука и каков предлог ќе предложат, потенцира шефот на дипломатијата.

Османи истакна дека ставот што го презентираше премиерот Ковачевски, од претходно бил доставен до француското претседателство, но дури вечера беше обелоденет јавно затоа што било проценето заедно со нашите партнери и пријатели дека не треба да се даде јавен став за да не влијаеме на процесите во Бугарија пред гласањето доверба на Владата на премиерот Кирил Петков.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години, но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе нивоа да разговара искрено, отворено со Бугарија за да ги исполниме нашите надворешно политички цели.

– Нашата цел е пристапување во членство на ЕУ, но секако во исто време и заштита на нашите интереси во смисла на јазик и идентитет и започнување на процес на преговори којшто ќе биде одржлив и пакет којшто ќе можеме да го спроведеме и имплементираме на тој начин што ќе не доведе до членство, а не до нови блокади. И затоа е важно во таа задача која што ни е дадена од Владата да се грижиме за овие интереси и да работиме на тоа. Ние не можеме ниту да се откажеме од нашиот пат кон ЕУ затоа што тоа е утврдено уште при нашата независност, но исто така не можеме да се откажеме од некои позиции коишто се важни за секоја држава, истакна Маричиќ.

Тој дополни дека во моментот кога земјава ќе добиеме каков било официјален предлог, тој ќе биде достапен на разгледување и до Владата и до коалициските партнери и во некоја форма ќе биде консултирани Собранието, преку Комисијата за надворешни работи.

Запрашан дали ќе понесат одговорност поради „неуспехот да се отпочна преговорите“, Османи одговори дека прашањето на успех е релативно и зависи што значи успех.

– Дали е тоа заштита на интересите на државата и државните позиции или нешто друго. Ние не го квалификуваме ова прашање како црно-бело прашање на успех или неуспех. Ова е наша без алтернативна борба да станеме членка на ЕУ, а притоа запазувајќи ги државните интереси и интересите на граѓаните. И тоа што ќе кажам е дека нема да правиме компромис по ниту едното, ниту другото прашање. Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси, нагласи Османи.

Вицепремиерот Маричиќ рече дека за секоја држава е важна заштитата на јазикот и идентитетот и достоинствено да чекори на патот кон ЕУ, секако имајќи ги предвид добрососедските односи како битен критериум којшто ни е ставен во рамката, односно во критериумите за пристапување кон ЕУ.

– Во таа смисла наша одговорност беше и наша одговорност е да се грижиме за овие работи, простор за одговорност надвор од ова не гледам и мислам дека многу поголема е одговорноста на одредени личности или структури коишто се обидоа да ја нарушат државната стратегија со своето пренесување на вести или пак информации до политички партии, до медиуми коишто беа ниту проверени, ниту конечни, со цел да се креира една таква атмосфера. Ние кажавме дека е важно овој процес да го водиме мудро и кажа министерот дека ни било дел од стратегијата да ги соопштиме нашите ставови на Самитот, а претходно е комуницирано со нашите партнери, рече Маричиќ.

Министерот Османи одговараше во одговор на новинарско прашање  кажа дека претседателот на Франција, Емануел Макрон направил ненамерна грешка кога нè нарече „северномакедонци“.

Османи кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција, по што немале повеќе дилеми дека Макрон направил ненамерна грешка.

„Искомунициравме со Амбасадата на Франција, а исто така реагиравме во комуникација со ранцуската делегација, а премиерот имаше комуникација со Макрон. Нема дилеми дека Макрон направи ненамерна грешка“, кажа Османи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ