• Latest
Photo by: Christina @ wocintechchat on Unsplash

Османи ќе реферира за разговорите со Бугарија, прес на народниот правобранител за половата застапеност во јавниот сектор, седница на ДКСК, социјална патологија на четири тркала

January 28, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи ќе реферира за разговорите со Бугарија, прес на народниот правобранител за половата застапеност во јавниот сектор, седница на ДКСК, социјална патологија на четири тркала

January 28, 2022 09:09
in ВЕСТИ, ТОП 5
Photo by: Christina @ wocintechchat on Unsplash

Photo by: Christina @ wocintechchat on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

УТРИНСКИ КОЛУМНИ 

Вообичаено, јас фордот си го возам како Драјвинг Мисис Дејзи, полецка и внимателно, но понекогаш, макар на миг, си мислам дека џипов е адекватното оружје за воведување ред во сообраќајниов хаос низ Скопје! Уште ако му заварам и некаков гусен радијатор напред на шината, баш би бил добар за корегирање на агресијата со која се вози низ градов: како не ми налета некој од овие што јурат по улициве, што се паркираат кој каде ќе стигне, што возат „без раце“ додека разговараат-на-телефон-пушат-цигара-и-чачкаат-нос истовремено, што семафорите и пешачките премини ги третираат како необврзни, советодавни сообраќајни помагала, а стотиците други возачи како животни непријатели кои им го успоруваат патот до следното кафе што треба некаде да го испијат…

А, веќе следниот миг морници ме облеваат, си велам – каква атавистичка, агресивна будала мора да сум и самиот што си дозволувам да се изнервирам до мерка да си помислам дека сообраќајната правда може да се земе во свои раце, што сигурно би резултирало со некаква корекција на овдешнава улична демографија. Тоа не може да е начинот, , читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Социјална патологија на четири тркала“

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7.30 до 11 часот е во тек!

„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 7.30 до 11 часот, низ динамична програма со актуелни информации, анализи и разговори со гости, се поставува општествено-политичката агенда на денот.

Брза пошта, ВАША рубрика во Слободна зона: Останете гласни!

Неодамна,  Цивилмедиа.мк воведе нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.

НАСТАНИ

ИЗЛАГАЊЕ: Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија. Како што е најавено од МНР, шефот на дипломатијата Османи ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

РЕФЕРИРАЊЕ: Бугарскиот премиер Кирил Петков днеска ќе реферира пред пратениците во Народното собрание на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа во Софија. Реферирањето на Петков е на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на денешното собраниското пленарно заседание.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: Народниот правобранител г.Насер Зибери ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира податоците за почитувањето на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност, како и за половата застапеност во јавниот сектор. Прес-конферецијата ќе се одржи пред седиштето на канцеларијата на Народниот правобранител, што се наоѓа на улицата „Македонија“ спроти спомен куќата на Мајка Тереза.

ДКСК:  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 60 – тата седница преку Зум комуникациската платфoрма. На дневниот ред на седницата се Предлог – записник од 57-та седница на ДКСК од 17.12.2021 година, првото продолжение на 57-та седница на ДКСК од 21.12.2021 година и Предлог записник од 57-та седница одржана на 21.12.2021 година-предмети од укажувачи, како и Предлог- записник од 59-та седница од 14.01.2022 година.

Членовите на Антикорупциска на денешната седница ќе расправаат и за постапувањето по конкретни предмети, по што, како што е најавено, ќе следуваат прашања и предлози.

СРЕДБА: Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, и Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ, ќе го посетат Куманово и ќе имаат  средба со градоначалникот Максим Димитриевски, со што ќе го означат почетокот на општински посети во 2022 година. Евромбасадорот Гир, градоначалникот Димитриевски и Худолин ќе го посетат хотел „Солун“ во центарот на Куманово – споменик на културата кој неодамна беше преадаптиран во мултифункционален центар со поддршка од ЕУ.

 КОМЕМОРАЦИЈА: Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов (03.02.1936 – 25.01.2022) денеска ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет. Организатор на комеморацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ. Џамбазов ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.

Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година на 85-годишна возраст. Тој беше истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика.

 

Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА. 

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ