ДИЈАНА ТАХИРИ
Веќе подолго време сум со мисла дека треба да се престане со секаква критика, а посебно конструктивна, кон лицата што “креираат” и упразнуваат политики, односно кон сите можни политичари и нивни сателити во земјава. Дури мислам дека еден одреден период, ниту медиумите не треба да ги третираат, не претерувам, иако знам дека ова нема никогаш да се случи, не дека не е можно, во некој паралелен свет.
Молк. Тотален молк.
За да им се оневозможи секакво пласирање и промоција на идеи, кои ги користат првично како пробни балони за тестирање на општеството, да ни го навредуваат здравиот разум и притоа на најбезобразни начини, во обид да ги прикријат (апсолутно неуспешно и провидно) своите валканици, ја префрлуваат вината врз граѓаните, често со образложенија дека ,,народот” е глупав. А не дека не е, со оглед на гласовите на избори, и тоа баеѓи.
Но, не во таа мера за да не сфаќа дека некој што си го ,,качил” на врвот, од тој врв уринира врз тебе, а ти треба да го наградиш со ракоплескање и восхит.
Ова важи за сите политичари до сега, и отсега.
Молк. Тотален молк.