Честитки до новиот и благодарност до стариот шеф на кипарската дипломатија, преку „Твитер“, упати министерот за надворешни работи, Бујар Османи и изрази надеж дека ќе продолжи блиската соработка со Кипар.
Османи му честиташе на новиот министер Константинос Комбос, кој вчера ја презеде функцијата, а му се заблагодари на поранешниот МНР, Јоанис Касулидис за придонесот и поддршката за нашата интеграција во ЕУ.
Паралелно, истакна дека „ќе продолжиме да работиме со Кипар за продлабочување на соработката“.
Касулидис во периодот од 2013 до 2018 година и од јануари 2022 година до февруари годинава беше министер за надворешни работи на Кипар.
Со изборот на Никос Христодулидис за претседател на Кипар, професорот по јавно и европско право Константинос Комбос беше назначен за нов шеф на дипломатијата.
Комбос од 2014 година бил член на преговарачкиот тим за решавање на кипарското прашање и учествувал во преговорите во сите фази од процесот.