• Latest

Османи на средба со Борисов и Захариева: Историска шанса за европска интеграција на регионот која не смее да се пропушти

October 9, 2020
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Османи на средба со Борисов и Захариева: Историска шанса за европска интеграција на регионот која не смее да се пропушти

October 9, 2020 15:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари работна посета на Република Бугарија, за време на која се сретна со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов и заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во фокусот на средбата беа билатералните односи меѓу двете држави и напредокот на Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција.

„Ние сме на прагот на реализацијата на нашето заедничко ко-претседавање со Берлинскиот процес, еден од најзначајните регионални иницијативи за економско, инфраструктурно и политичко поврзување на земјите од Западниот Балкан. За само неколку дена почнува серијата Министерски средби за внатрешни работи, за здравство, за економија, кои очекувам да вродат со плод и бидат крунисани со исклучително успешен самит овде во Софија на 10 ноември. Самит кој по самата природа е историски затоа што за прв пат го претседаваат земја – членка на ЕУ, Бугарија, и земја кандидат за членство во ЕУ – Северна Македонија“, истакна Османи.

Двајцата соговорници, потврдувајќи дека европската перспектива е гарант за стабилност и просперитет на Регионот, ги поздравија ангажманите во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и вкупната соработка која се реализира меѓу двете држави во сите области од заемен интерес.

„Ние имаме Договор за пријателство кој нѐ обврзува и на политичка и на експертска соработка. Само преку отворен, искрен и позитивен пристап во соочувањето на историските факти со денешната реалност, ние можеме да ги надминеме разликите и да ги идентификуваме заедничките точки кои нѐ поврзуваат“, посочи Османи.

„Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и секогаш сте имале најголема поддршка и едноставно треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не може да премине. Така што тука политички игри не треба да има. Перспективата и моментот е толку важен во германското претседателство да се почне процедурата, меѓувладината седница. Според мене ќе биде грев пред историјата сегашните политички раководства во Бугарија и Северна Македонија да не најдат компромис. И нема да не сфати ниту светот“, рече Борисов.

Во однос на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, упатија задоволство за нивната идна средба на средината од овој месец и ги охрабрија членовите на комисијата, да продолжат посветено со својата работа и да обезбедат соодветни резултати.

„Несоодветно е да се предлагаат работи во спротивна насока, како меѓу граѓаните на нашите две земји така и на меѓународно ниво. Како што Бугарија ја призна современата политичка реалност, сега треба Република Северна Македонија да ја признае историската реалност поврзана со процесот на создавање на новиот национален идентитет“, изјави Захариева.

Министрите го разгледаа и напредокот во инфраструктурното поврзување меѓу двете земји и можностите за зголемување на трговската размена, понатамошниот развој на туризмот, како и соработката во здравството, образованието, културата, одбраната, безбедноста и сите други области во кои се бележат резултати.

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ