• Latest

Османи на вонреден состанок со шефовите на Амбасадите и Конзуларните претставништва за попис

February 26, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Османи на вонреден состанок со шефовите на Амбасадите и Конзуларните претставништва за попис

February 26, 2021 15:34
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис. На состанокот присуствуваа и Директорот и заменикот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и Иљми Селами.

Османи информираше за законските надлежности на Министерството за надворешни работи посочувајќи на активната улога во спроведување на пописот на лицата упатени на служба во ДКП-та, како и обврската на дипломатската мрежа за поддршка на Заводот за статистика за информирање во врска со процесот на дијаспората.

“Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска”, истакна Османи.

“Жалам што донесувањето на Законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нѐ доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи”, посочи Османи.

Османи потсети и на новата реорганизација на Владата, каде што исклучителна надлежност за прашања поврзани со дијаспората, се префрли во рамките на надлежностите на МНР. Во таа насока Министерството за надворешни работи, ги прошири организациските капацитети на Министерството, преку креирање на дополнителна организациона единица за дијаспората, која ќе биде надлежна за сите прашања поврзани со нашите државјани во странство.

“Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. Важно е да создадеме трајни услови за соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава”, потенцираше Османи.

Лицата кои имаат место на живеење во Република Северна Македонија, а за време на спроведувањето на  Пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, во периодот од 01 март до 15 март  2021 година, додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по било кој основ престојуваат во странство ќе започне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ