• Latest

Османи: Нема да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок на кој било граѓанин заради етничката припадност

March 5, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Нема да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок на кој било граѓанин заради етничката припадност

March 5, 2021 13:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државата ги штити индивидуалните и колективните права и нема да дозволиме, дали поради изборна агенда, дали поради билатерални разлики, некој да ја прикаже државата дека ограничува индивидуални или колективни права. Немаме никаква резерва да ги прикажеме граѓаните така како што се презентираат и не смееме да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок, репресија на кој било граѓанин заради својата етничка припадност.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, појаснувајќи ја неговата изјава дека нема резерви Бугарите во Северна Македонија да бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница. Тој синоќа кажа дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот.

-Последните изјави од страна на Бугарија се повеќе ставаат акцент на некаков факт дека Северна Македонија врши репресија и непочитување на правата на граѓаните од бугарско етничко потекло. Северна Македонија ако за нешто може да се пофали и се гордее во светот е за степенот на почитување на индивидуалните и на колективните права на заедниците, на мултиетничкиот карактер на државата. Тоа е нашата гордост и слика во светот по којашто сме препознаени. И мојата порака беше дека доколку има било какви информации дека било кој граѓанин во Северна Македонија не може да се определи заради тоа што државата прави притисок, нека го каже тоа јавно затоа што ние како држава гарантираме дека тоа не смее да се случи, и нема да се случи, рече денеска Османи.

Повтори дека има подготвеност за разговор со граѓаните и здруженијата кои мислат дека им се ограничени некакви права. -Оттука беше мојот повик како реакција на тоа што се случи во Софија, со претседателот на државата и повикот на специјалните служби, рече Османи, појаснувајќи дека тоа што го кажал е обид да се демантираат ставовите дека државата ограничува индивидуални или колективни права на било која етничка заедница.

-Ако забелешките се, дека поради тоа што бугарската етничка заедница како посебна заедница во државата, поради тоа што не се споменати во Уставот, при прикажување на резултатите од пописот, се ставаат во категорија останати, додека само тие што се споменати во Уставот се презентираат нивните проценти, воопшто немаме никаква резерва да се прикажат резултатите за секоја етничка заедница во државата, рече Османи по средбата верските лидери за активностите за спроведување на Пописот, на која присуствуваше и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

На новинарско прашање дали тоа значи дека треба да бидат вметнати во Уставот, Османи појасни дека може да се најде начин и технички како да се прикажат резултатите за сите етнички заедници во државата.

-Постои техничка можност да се прикажат за да не се добие впечаток дека нешто криеме. Немаме никаква резерва да ги прикажеме граѓаните така како што се презентираат, не смееме да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок, репресија на кој било граѓанин заради својата етничка припадност, рече Османи.

Повтори дека тоа прашање не е покренато во билатералните односи со Софија и оти не видел ниту интерес за покренување на такво нешто.

Во одговор на новинарско прашање зошто дозволува Бугарија да се меша во пописот и зошто досега немало реакција од нашето МНР, Османи со став дека нема да дозволи институцијата со која раководи да се вовлече во предизборната кампања во Бугарија.

-Прашањето на реакција сме го апсолвирале. Нашиот однос кон реакциите во јавноста беше мудар и ќе продолжи да биде мудар. Ние нема да дозволиме да се вовлечеме во внатрешно-политичката предизборна дебата во Бугарија. Ниту тоа им го советувам на моите колеги кои имаат каква било поврзаност со темата Бугарија. Во овој период не смееме да станеме дел од внатрешната изборна дебата таму. Продолжуваме да комуницираме со Бугарија, за секторската соработка, зборуваме за враќање на довербата и ќе продолжиме тоа да го правиме во целиот овој период, рече Османи.

Потсети дека пред неколку дена во Софија имал разговори со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева на која разговарале за сите прашања.

-Разговаравме за тоа како ќе продолжиме да комуницираме, како да ја реализираме секторската соработка… Но нема да дозволам Министерството за надворешни работи да влезе во дневен политички изборен фолклор, ниту овде, ниту во Бугарија. Сметам дека тоа не е наш интерес, не е во интерес на билатералните односи, како и на решавањето на ова прашање. Мудро реагиравме досега, комуницираме преку институционални и дипломатски канали, ги кажуваме сите ставови. Во овој период ќе има многу такви креативни идеи чија цел е да го привлечат вниманието на јавноста, ние не смееме да ги храниме таквите идеи преку наше вклучување во нив, дециден е шефот на дипломатијата.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ