• Latest

Османи од Шпанија: Проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан е врвен безбедносен интерес за ЕУ

August 22, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи од Шпанија: Проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан е врвен безбедносен интерес за ЕУ

August 22, 2023 12:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир. Во таа смисла, ова е редок случај на очигледен споделен интерес и за ЕУ и за ЗБ. Политички, економски, културолошки, па дури и географски, ние сме патници на истиот брод “, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во денешното обраќање на летната академија “Quo vadis Europa?”, во Сантандер, Шпанија, организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.

Во обраќањето, Османи се осврна на зголемениот акцент на важноста на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи дека постои консензус кај државите од регионот и кај држави членки на ЕУ дека тоа сè уште не е доволно. „20 години по самитот во Солун, итно ни е потребна среднорочна визија за нашиот регион во рамките на Унијата“, подвлече министерот.

Османи истакна дека дефинирањето јасен пат за идните проширувања со државите од Западен Балкан со 2030 година како поставена цел, претставува врвен безбедносен интерес за самата ЕУ.

Истовремено, осврнувајќи се на потребата од конкретни придобивки за нашите граѓани на патот кон членството во ЕУ, го поздрави новиот план за раст на Западен Балкан, предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, втемелен врз нашиот концепт „повеќе интеграција пред членство во ЕУ“.

„До целосното пристапување во ЕУ, потребна ни е засилена визија заедно со веродостојни и реални чекори во меѓувреме со цел унапредување на демократскиот развој, подобрување на економските можности и поттикнување на помирувањето во Западен Балкан. Тие подразбираат зголемување на претпристапните фондови, прогресивно пристапување кон единствениот пазар, продлабочување на регионалната економска интеграција, отстранување на квотите за земјоделските производи и вклучувањето на државите од регионот во трговските и инвестициските политики на ЕУ“, заклучи Османи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ