• Latest

Османи: Одржувањето на првата меѓувладина конференција е договорена работа

September 17, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Одржувањето на првата меѓувладина конференција е договорена работа

September 17, 2020 15:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓувладината конференција, со која се означува и стартот на преговори со Европската Унија, е предвидена за декември, тоа е нешто за што е постигнат консензус во март, а поддршката ја даде и Бугарија, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој одговарајќи на новинарски прашање ги изнесе своите очекувања, откако Бугарија излезе со објаснувачки меморандум до членките на ЕУ во пресрет на одлуката за започнување не преговорите со Северна Македонија, во кој се негира современиот македонски јазик и идентитет.

Османи на прес-конференцијата со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Албанија Гент Цакај, кој е во официјална посета на земјава, одговараше на тоа дали смета дека ова е ново условување, можеби прво да се реши прашањето за Гоце Делчев, па да почнат преговорите, можеби евентуална блокада, но и за тоа кои се следните чекори на Владата во однос на овие бугарски позиции.

Шефот на дипломатијата потенцира дека одржувањето на првата меѓувладина конференција, што е предвидено да се случи во декемрви, а со која се означува почеток на преговорите е веќе договорена работа, а не посебна одлука.

„Сметам дека меѓувладината конфренција не е посебна одлука од онаа донесена во март, повеќе ја интерпертирам како операционализација на донесената одлука. Советот постигна консензус во март вклучувајќи ја и Бугарија, таа даде унилатерална забелешка, но ја одобри одлуката за почнување преговори, чиј дел е одржување на меѓувладината  конференција. Не треба да се наметне негативна динамика на притсоци. Сега е време да се воспостави добра интензивна комуникација на политичко ниво, но и во Комисијата“, рече Османи.

Нагласи дека комуницираат со сите земји-членки по сите прашања и нивниот однос секогаш бил коректен, а тоа е дека преговарачката рамка не е платформа каде се билатерализираат односите меѓу земјите.

Додаде дека целата Влада, предводена од СЕП во овој процес работи во насока дека меѓувладината конференција ќе се одржи во декемри.

Нагласи дека Договорот за добрососедство се заснова на добра волја и взамено почитување, а Комисијата е фомирана на паритетна основа за да се најдат заедничките моменти на спојување на зближување.

„Целта не е негативна компетенција за наметнување на нашите наративи еден на друг, туку оттргнување на овој процес од стегите на политиката. Досега имаше резултати од таа комисија за околу пет, шест историски личности, договорени се начините за заедничко одбележување на нивното дело. Комисијата треба што поскоро да се состане“, рече Османи, додавајќи дека логистички сега се остранети препреките кои настанаа поради коронакризата, но и поради изборите кај нас.

Во однос на Гоце Делчев, рече, изутринава прочитал дека најдобриот начин да му се оддаде почит е да се изгради автопатот Скопје-Софија, кој би се нарекол Гоце Делчев.

„Навистина сметам дека политиката и политичарите можат само да им пречат во обидот на историчарите и научниците да ги осветлат овие прашања кои се товар меѓу двете држави“, рече Османи.

 

Во однос на тоа дали знаеле за бугарскиот меморандум, шефот на дипломатијата истакна дека како земја-кандидат ние не сме дел од официјалниот ланец на коресподенција меѓу земјите-членки, кои комуницираат на секојдневна основа по различни форми, со цел споделување на ставови, но и во обид да се вршат влијанија за донесување одредени одлуки.

„Нашата должност е преку секојдневните комуникации да ги осознаеме информациите, особено оние кои се однесуваат на нас. Целта на Договорот беше токму тоа да се воведе ред во овој хаос на комуницирање, кој беше во изминатите децении во однос на разликите меѓу двете земји, да се воведе рамка со која ќе се создадат две траектории, кои досега беа вкрстени и негативно влијаеа една на друга“, појасни Османи.

Едната траекторија се економската, политичката културната соработка, а другата се различните толкувања на историските настани. Потенцира дека целта на Договорот е токму нивно одвојување, за да се ослободи напредокот на односите меѓу двете земји.

 

Цакај од своја страна пак, посочи дека затворањето на сите меѓусебни отворени прашања е во насока на зајакнување на регионалната безбедност. Нагласи дека Албанија и Северна Македонија имале одлична соработка на патот на интегрирањето во ЕУ и смета дека патот на двете земји е заеднички.

„Ставот на Албанија е дека таа го поддржува зачленувањето на сите земји од Западен Балкан во ЕУ“, одговори Цакај на прашањето каков е неговиот став во однос на најновата позиција на Софија.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ