Во Владата на Република Северна Македонија денеска се потпиша Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце.
Договорот го потпишаа директорот на ЈП за Државни патишта, Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски.
На настанот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Аналитичарот Џевдет Хајредини за ЦИВИЛ Медиа вели дека појавувањето на прес-конференција за изградба на 2 километри автопат е апсурд и класична пропаганда и злоупотреба.
„Му пратив порака на министерот Горан Сугарески да и ги зема ингеренциите на Теута Арифи во Тетово да не менаџира со градежното земјиште, но тој тоа не го направи, меѓутоа денеска се појави на прес-конференција за изградба на 2 километри автопат“.
„Секој ден гледаме пропаганда за сè и сешто од Бујар Османи, меѓутоа ова денес нема што да се коментира освен дека е срамно да се фалат дека ќе градат автопат од 12 километри, почнувајќи со два километри“, додава Хајредини.
„Овие лица кои се осомничени за корупција и криминал очекуваат да се спасат со рекламирање дека ќе почне изградбата на два километри автопат, но ниту знаеме кога ќе почне ниту кога е заврши целата делница од околу 12 километри. Ова нема што повеќе да се коментира освен дека е срам“, заклучи Хајредини.
Тој нагласи дека во с. Блаце кој се наоѓа на граница со Косово, има околу 50 деца кои и ден денес сè уште учат во Република Косово. Нашата држава токлу години не најде средства да изгради училиште за тие деца.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Биљана Јордановска