• Latest
Фото: ЦИВИЛ

Османи: Процесот на уставни измени да се фокусира на ЕУ и да не се оптоварува со други политички прашања

March 28, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Процесот на уставни измени да се фокусира на ЕУ и да не се оптоварува со други политички прашања

March 28, 2023 13:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Сега е потребно да се концентрираме на уставните измени поврзани со продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што тие се целосно технички, немаат политички последици, не носат никаква закана за државата, за заедниците. Процесот не треба да се оптовари со други политички прашања, коишто веројатно ќе го поларизираат општеството уште повеќе, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Тој во одговор на новинарско прашање во однос на промена на Уставот, го пренесе како што рече личниот став и посочи дека во моментот не е запознаен со изјавата и намерата на министерот за правда при отворањето на Уставот да бидат регулирани и други прашања коишто политичките партии бараат да се регулираат.

-Личен став, иако не ја знам намерата, е дека сега треба да се концентрираме на уставните измени поврзани со продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што тие се целосно технички, немаат политички последици, не носат никаква закана за државата, за заедниците. Тоа што го кажувам постојано е едноставно потврдување на тоа што имплицитно е веќе во Уставот. Значи во категоријата „други“, во Преамбулата и во останатите членови каде што се спомнуваат заедниците, се подразбираат сите тие коишто се набројани во пописот, посочи Османи на прес – конференцијата по неформалниот министерски состанок на А5 иницијативата со која претседава Северна Македонија.

Според него, формално – правно нема разлика, туку повеќе е прашање на симболика дека еднакво се третираат сите граѓани и не се делат на заедници и други, туку сите се набројуваат.  

-Тоа е симболиката на овој процес. Формално – правно нема апсолутно никаква разлика меѓу „други“ и спомнување на етничките заедници. И од тука сметам дека не треба да се оптовари со други политички прашања коишто веројатно ќе го поларизираат општеството уште повеќе, рече министерот Османи.

Прашан дали Христијан Пендиков е вратен во земјава, Османи рече дека веќе не е во комуникација бидејќи во тек е судски процес во државата по однос на нападот врз него. 

-По реакцијата на Република Бугарија која што морам да кажам дека беше асиметрична по однос на тоа што се случи, обвинувајќи ја државата за системска дискриминација и системски напад, за мене беше многу важно да докажеме дека како држава не поддржуваме такви напади, особено кога се на етничка основа. И затоа беше мојата посета во Софија и да покажам внимание кон наш државјанин. Меѓутоа и да покажам пред ЕУ дека тоа не е политика на државата, и дека таквите напади не ги рефлектираат вредностите на нашите граѓани, вели Османи.  

Тој изрази надеж дека брзо ќе се врати, оти, вели, никој не треба да се чувствува несигурен во државата поради какви било етнички, политички и идеолошки размислувања.

Министерот за правда Кренар Лога, вчера на првиот брифинг со новинарите откако е министер, изјави дека приоритет е Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата, но дека се размислува и за други потребни измени на Уставот во делот каде министерот за правда по функција е член на Судски совет, регулирање на вакумот со распуштање на Собранието, како и во делот со 20 проценти за јазикот. 

Tags: ОсманиУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ