• Latest

Османи: САД се посветено ангажирани за побрзо да се изнајде решение со Софија, работиме за 14-ти, но цел декември е можност за почнување на преговори

December 6, 2021
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: САД се посветено ангажирани за побрзо да се изнајде решение со Софија, работиме за 14-ти, но цел декември е можност за почнување на преговори

December 6, 2021 12:36
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

САД се посветено ангажирани за побрзо да се изнајде решение со Софија бидејќи е од нивни стратешки интерес Република Северна Македонија да ги почне преговорите, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи за пораката од денешната средба со заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Османи по заедничката прес-конференција со Ескобар на која не беа предвидени прашања, во изјава за медиумите на новинарско прашање посочи дека не може да коментира во име на Ескобар дали тој имал средби со бугарски претставници за спорот или дали планира да ја посети Софија, повторувајќи ја пораката за американската посветеност.

-Тоа што денеска го слушнавме е сериозна посветеност и проактивност на САД имајќи предвид нивниот стратешки интерес Република Северна Македонија и Албанија да ги почне преговорите, но и целиот регион да стане дел од ЕУ, вели Османи.

Во однос на преговорите со Бугарија тој додаде дека се водат разговори, и потсети на неговата средба со министерот во техничката Влада на Република Бугарија Стоев во Рига, а кажа и дека 14 декември не е краен рок за постигнување решение со Софија.

-Тие разговори продолжуваат. 14 декември е формалниот состанок на Советот за општи работи, односно состанокот на министри за Европа на ЕУ, но тоа не значи дека е единствената шанса за декември. Имав средба и со словенечкиот министер за надворешни работи, Словенија е актуелно претседателство со ЕУ и разговаравме исто така за фактот дека и после 14 декември во кој било ден до крајот на годината словенечкото претседателство може да свика вонреден состанок на министри за Европа доколку добие информација од Република Бугарија дека се спремни да ја поддржат преговарачката рамка и одлуката за почеток на преговори. Што значи дека цел декември е можност за почнување на преговори, а се разбира и периодот после тоа. Нас се уште ни е таргет декември, нагласи Османи.

Тој вели дека не планира да  ја спушти тензијата или интензитетот на неопходноста за започнување преговори што побрзо и покрај мислењата во јавноста дека не треба да се подигаат очекувањата на јавноста во однос на отворањето на преговорите.

-Знам дека има разговори во јавноста по однос на тоа дали треба очекувањето на граѓаните да се зголеми без да бидеме сигурни дека тоа може да се случи, но јас не планирам да Така што, ќе работам за 14 декември, но ќе работам и за секој ден после 14-ти до крајот на годината во текот на словенечкото претседателство, а се разбира и после тоа. Да сумирам, има конкретен ангажман, има разговори. Се надеваме на што побрзо формирање на политичката влада во Република Бугарија и можноста да се донесе одлука за започнување на преговори во текот на декември, нагласи министерот Османи

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ