• Latest

Османи: Самоопределувањето суверено право на државите, а не прашања што се регулираат во билатералните односи

November 9, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Самоопределувањето суверено право на државите, а не прашања што се регулираат во билатералните односи

November 9, 2020 16:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи  Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан. Овој состанок е дел во низата значајни настани во рамките на заедничкото претседателство со процесот на Северна Македонија и Бугарија во 2020 година.

„Ова наше прво заедничко претседателство е историски момент со огромна симболика, кој укажува дека регионот презема иницијатива и одговорност врз процесите кои ја определуваат неговата иднина. На тоа гледаме како на позитивен знак дека земја-членка на ЕУ и земја-кандидат можат да работат заедно во интерес на земјите од регионот“, истакна Османи на состанокот.

Берлинскиот процес, започнат од германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година, има за цел да ја поддржи европската интеграција на земјите од Западен Балкан преку поголема економија и поврзаност. Османи во оваа прилика изрази благодарност до иницијаторот и предводник на Берлинскиот процес – Германија, која беше претставена од министерот, Хајко Маас, кој воедно говореше и за заедничката прес конференција, која следуваше по состанокот.

„Улогата на Германија за севкупниот напредок на регионот е непроценлива“, рече Османи.

„Остваривме ефективен придонес за регионот прекуконкретни и опипливи резултати со забележлив позитивен ефект за сите. Регионалниот договор за слободно патување со лични карти во земјите од Западниот Балкан, продолжувањето на успешната иницијатива на регионалните Зелени коридори и кон транспортните коридори на Европската Унија, како и дополнителниот импулс кон здравствената соработка во ова време на пандемија, се успешни иницијативи кои ќе остварат дополнителни олеснувања за бизнисите и граѓаните и тоа како во рамките на транзитот меѓу самите земји од Балканот, така и во рамките на нивниот поврзување со земјите на Европската Унија“, посочи Османи. Тој ги повика своите колеги од Западен Балкан да гледаат кон иднината и да работат заедно на сите овие заеднички проекти и да се стремат кон добрососедски односи.

„Како круна на нашите напори, утре на Лидерскиот самит ќе биде лансиран  новиот Акциски план за воспоставување на Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за Западниот Балкан, кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка. Тоа значи за прв пат формирање на заеднички пазар врз основа на ЕУ стандардите и критериумите на заедничкиот европски пазар“, дополни Османи.

За време на состанокот, 6-те земји од Западен Балкан – Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина го поздравија ова ко-претседателство,особено постигнатите цели во однос на подобрувањето на поврзаноста во сите аспекти: транспорт, енергија, дигитална поврзаност помеѓу луѓето, зближување на младите, вклучително и преку образованието, заштитата на животната средина.Беше потврденазаедничката заложба за полноправно членство во европското семејство преку спроведување на потребните реформи. Земјите од регионот повикаа европската перспектива на Западен Балкан да остане високо на агендата на ЕУ.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ