• Latest

Османи: Се уште има простор за договор за датум за изборите

June 11, 2020

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Османи: Се уште има простор за договор за датум за изборите

June 11, 2020 12:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвиана од коронавирусот. Се уште верува, дека такви избори се можни на 5 јули. Тој смета дека неговата медијација во утврдување на датум за избори не е проблематична, бидејќи, како што вели со добивањето на одлука за почеток на преговори со ЕУ, земјава веќе станува внатрешно прашање на Унијата.

-Во однос на медијацијата мислам дека ние веќе стануваме внатрешно прашање на ЕУ со фактот дека добивме одлука за започнување на преговорите и медијацијата односно помагањето од страна на ЕК не го гледам како прашање на надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние веќе сме дел од семејството. Тоа е како некој внатре во државата да посредува меѓу одредени политички партии или институциите. Така ја разбирам и улогата на комесарот Вархеи кој е комесар на Унија каде ние веќе полека стануваме дел. Така што добредојден е тој вид на медијација и се надевам дека политичките партии ќе смогнат сили да постигнеме консензус. Се согласувам апсолутно со неговиот твит дека се потребни фер демократски  и инклузивни избори имајќи ги предвид сите околности во врска со пандемијата, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереција во Владата.

Во врска со уредбата ншто синоќа ја донесе Владата, а е поврзана со одредени изборни дејтва, Османи истакна дека таа се повикува на претходната Уредба донесена во март во која беше прекинат рокот за избори.

-Тогаш всушност се одреди дека на денот кога ќе заврши вонредната состојба се враќа редовниот изборен рок, што значи 22 дена по завршување на вонредната состојба. Со донесување на вчерашната уредба всушност направивме само некои прецизирања од аспект на контрола на изборниот список, повикувајќи се на законската норма, но и неколку обврски што треба да ги направи Министерството за здравство за да ги обезбеди заштитните лични средства за ДИК. Се уште се надевам дека комуникацијата помеѓу политичките партии ќе продолжи во идните денови.Се уште мислам дека има простор за еден правичен инклузивен процес на 5 јули, рече Османи.

Дали вонредната состојба ќе биде продолжена, според Османи, ќе се направи проценка во текот на утрешниот ден. Тој не скаше да прејудицира каква ке биде проценката и одлуката на Владата, само рече дека ќе се направи пресек на епидемиолошките трендови и потоа ќе биде изграден став кој ќе му биде презентиран на претседателот Стево Пендаровски.

Во врска со рамката за преговори со ЕУ, Османи вели дека според информациите со кои располагаат се разговара за одредбите кои треба да ги содржи новата методологија.

Рамката, посочува Османи, е исклучително важен документ за преговорите бидејќи во неа се утврдуваат принципите по коишто ќе се раководат преговорите, суштината, меѓутоа и одредени процедури.

-Во моментов се разговара, бидејќи во оваа фаза ја очекуваме драфт верзијата од страна на Комисијата, која потоа треба да оди во телата на земјите членки, односно на Советот во кои се претставниците на државите членки за тие да ги кажат своите позиции и своите интереси. Нашите информации се дека во моментот се разговара околу новите одредби кои ги предвидува новата методологија пред се во мнозинството и начинот на користење на мнозинството во суспендирање во унапредување на процесот на преговорите…, истакна Османи.

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ