Вицепремиерот за евро интеграции, Бујар Османи, на форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, изјави дека пред две години сме биле во ситуација кога граѓаните немале доверба во речиси ниту една ситуација.
Според него, благодарение на планот 369 и планот 18, Северна Македонија се унапреди, граѓаните ја вратиле довербата, а земјата успеала да оди напред кон ЕУ и НАТО. Османи на конференцијата покажа и два графикони каде се покажува дека Северна Македонија води пред сите земји во регионот во спроведување реформи.
„Нема да зборувам денеска за конкретните реформи постигнати овој период, но дозволете да направам само една споредувачка слика за критериумите кои во пофигуративен начин опишува што ние постигнавме овие две години, а не треба да се потцени. Што се однесува до прогресот, овде може да се видат 6 земји кои се кандидати, а Северна Македонија води во исполнување на прогресот на политичките критериуми. Ова не е Преспанскиот договор или Договорот со Бугарија, туку се работи за критериумите на Копенхага, правна држава, и така натаму. На другиот графикон може да се види дека Северна Македонија води и пред други земји кои веке почнале преговори, како што е Црна Гора. Можам да кажам дека ние сме водечки и на самиот фронт за членство во ЕУ“, посочи Османи.
Арбен Зеќири












