• Latest

Османи – Турковиќ: Соработка и меѓусебна поддршка за стабилен и просперитетен регион

January 20, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија — Што значи тоа?

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи – Турковиќ: Соработка и меѓусебна поддршка за стабилен и просперитетен регион

January 20, 2023 12:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јас сум многу оптимист дека пријателството што постои помеѓу луѓето, пред сѐ во нашите две држави, ќе се одрази во институционалната и севкупната меѓудржавна соработка на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На денешната заедничка прес-конференција со заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ која е во посета на државава, Османи рече дека разговарале и за други  регионални прашања од интерес, за кои, како што посочи, имаат слични размислувања, не само од регионот, туку и воопшто, во нашиот континент.

– Во мај оваа година одбележуваме важен јубилеј. Одбележуваме 30 години дипломатски односни помеѓу нашите две држави. Тоа се 30 години пријателство, соработка, меѓусебна поддршка, но и заедничка визија за регионот и за евроатлантската перспектива на овој регион, рече министерот, дополнувајќи дека РСМ силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ.

Според Османи, минатата година беше особено важна за двете држави по однос на европската перспектива.

 – Северна Македонија после 17 години чекање кандидатски статус ги почна преговорите за членство, БиХ во декември го доби кандидатскиот статус, што мислам дека беше многу важна порака и од ЕУ, која што дава сигнал за една кредибилна европска перспектива на регионот. Меѓутоа, мислам дека ќе придонесе значително и во нашите држави во однос на продолжување на реформскиот правец по однос на стабилизирањето на регионот во целина, рече тој.

Османи кажа дека земјава е подготвена да го сподели искуството со кандидатски статус за понатамошниот тек на спроведување на реформи.

– Северна Македонија дава силна поддршка на евро-атлантската интеграција на БиХ, како членка на НАТО. Во овој дел можеме да помогнеме во рамки на споделување на искуство, во рамки на реформските активности, и ја охрабруваме БиХ да продолжи на тој пат, бидејќи нема алтернатива за стабилен и просперитетен регион отколку сите земји во регионот да се движат на пат кон ЕУ и кон НАТО, рече Османи.

Тој дополни дека ќе придонесе и претседавањето на Јадранската повелба, каде БиХ е член, а со новиот стратешки концепт од повелбата за наредните 20 години, како што кажа, посебен акцент се става на членството на БиХ и Косово во НАТО.

– Претседавањето со ОБСЕ е исто така уште една можност. Разговаравме, бидејќи во БиХ ОБСЕ има сериозна теренска мисија, не само во Сараево, туку и низ другите градови, со едно големо и богатство искуство во сите циклуси на конфликт, и во тој дел исто така ОБСЕ ќе биде активно, бидејќи знаете, нашиот фокус е токму на теренските активности и улогата што ОБСЕ ја има на терен и влијанието што го има врз животот на луѓето, рече тој.

Министерот заклучи дека јубилејот од 30 години е важна можност да се направи пресек на тоа до каде сме, не само во политичката соработка, во економската соработка, туку, кои се целите на соработката во наредните 30 години.

Турковиќ, од своја страна истакна дека треба да се воспостави и функционална рамка за подобра патна комуникација и посилно економско поврзување.

– Имам билатерални договори спогодби, но ни недостасува лет Сараево-Скопје. Треба двете страни да инвестираат во таа насока, и економскиот резултат ќе биде многу подобар за двете земји. Би било добро да потпишеме меѓудржавен договор за економска соработка, за што и денеска разговаравме, рече таа, дополнувајќи дека разговарале и за општата ситуација во регионот.

Според неа, периодот за претседавање на ОБСЕ е време во кое регионот треба да покаже дека одлучува не само за овој дел на светот, туку и пошироко.

– Тоа е важен чекор и прилика, и верувам дека претседавањето ќе биде исклучително добро и важно, не само за Република Македонија, туку за целиот регион и пошироко, за целиот свет. Двете држави се жртви на регионални движења кои влијаат на нашиот брз напредок кон ЕУ.  На ист начин се нашите две држави ги поврзуваат што воопшто не бевме виновни, поврзани за распад на поранешната држава и со тоа претрпевме тешки последици. БиХ затоа сака регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес со цел нашето поврзување  да го забрза доближувањето на целиот регион на ЕУ, рече таа.

Турковиќ истакна и дека за БиХ, Северна Македонија е важен меѓународен партнер.

– Членка на НАТО од која очекуваме и имаме поддршка како за наш напредок кон полноправно членство. Нема стабилен Балкан додека сите држави на регионот не бидат на неповратниот пат кон ЕУ, рече заменик претседавачот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, која треба да има средби и со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Фото: миа.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БиХОсманиСеверна МакедонијаТурковиќ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ