• Latest

Османи: Вклучувањето на земјите од Западен Балкан ќе поттикне создавање нови вредности

June 8, 2021

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Вклучувањето на земјите од Западен Балкан ќе поттикне создавање нови вредности

June 8, 2021 15:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската перспектива на Западен Балкан во пресрет на јунските Совети на ЕУ, регионална соработка, имплементирање на Повеќегодишниот акциски план на заедничкиот регионален пазар во синергија со Економскиот и инвестицискиот план на ЕК, беа прашањата за кои се дискутираше на министерскиот состанок за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес за 2021, на кој присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На состанокот, со кој претседаваше германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, се дебатираше и за тековните процеси на подготовка на регионални договори за признавање на професионални и академски квалификации и слободно движење и работа во регионот како и иницијативата за проширување на зелените коридори со ЕУ.

-Поминавме долг пат и заедно постигнавме значителни резултати во областите на меѓусебна соработка – да бидеме економски, политички, безбедносно и социјално поврзани. Агендата за поврзаност, што беше во сржта на процесот, еволуираше во меѓусебната поврзаност во многу поширока смисла, надвор од инфраструктурната. Вклучувањето на земјите од Западен Балкан во активен и динамичен пристапен процес целосно ќе ги ангажира општествата во создавање на нови вредности, напредок и позитивна конкуренција. Регионалната соработка, станува сè поважна – да се демонстрира сопственост и заедничко политичко лидерство. Ние сме релативно мали економии, но заедно сме силни. Фактот дека имаме наши разлики и различни ставови, не ја исклучува далеку поблиската соработка во сите секторски области поврзани со ЕУ, истакна Османи.

Во продолжение тој се осврна на минатогодишното заедничко претседавање со Бугарија со Берлинскиот процес, како позитивен пример на добрососедство и билатерална соработка, што кулминира на Софискиот Самит од кој произлегоа повеќе иницијативи и се отворија нови полиња за соработка во Регионот.

Османи на состанокот ја претстави идејата на Северна Македонија за размена на млади дипломати во Регионот насочена кон поврзување и зајакната соработка на следната генерација дипломати, а со цел кон натамошно помирување, градење доверба и рушење на меѓусебните бариери. Исто така, информираше и за неодамнешната иницијатива за отпочнување на неформална платформа за политичка соработка – Балкан 6 (Б6) во формат на министри одговорни за надворешни работи, наменета за продлабочување на соработката и врските меѓу земјите од регионот во области од заеднички интерес.

-Искуството покажа дека кога се консултираме едни со други пред разни состаноци, имаме поголемо влијание врз прашањата од наш заеднички интерес. Искрено верувам дека одржувањето на редовни состаноци и координација ќе станат правило, а не исклучок меѓу нас, нагласи Османи.

Покрај министерот Османи, на состанокот учествуваа министрите, учесници во процесот од земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и земји членки на ЕУ: Австрија, Бугарија, Грција, Италија, Полска, Словенија, Франција, Хрватска, како и Обединетото Кралство, а свое обраќање имаше и еврокомесарот за проширување и соседски политики, Оливер Вархеји.

Од МНР истакнуваат дека германското претседателство продолжува со напорите за испорака на натамошни резултати во однос сите иницијативи започнати во рамките на Берлинскиот процес кои треба да се презентираат на Берлинскиот Самит закажан за 5 јули оваа година, а со кој ќе претседава германската канцеларка Ангела Меркел.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ