• Latest

Основната каматна стапка на Народната банка намалена на 1,75 отсто

March 16, 2020
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија

May 19, 2025

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

May 19, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ништо ново во Косово; Економски последици од неконституирањето на косовското собрание; Албанската влада издаде осум препораки за борба против криминалот

May 19, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за градежните зафати во општините?

May 19, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): „Да направат мал чекор да бидеме поблиску до ЕУ“; „Одете си, а попат погледнете ги цените во маркетите“; „Да се возат со јавен превоз и да работат за минимална плата“…

May 19, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор: Chronicle of Current Events)

18 мај — Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ

May 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Нечовечки, безобразно и некрофилски се злоупотребува трагедијата во Кочани

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Основната каматна стапка на Народната банка намалена на 1,75 отсто

March 16, 2020 15:19
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка денеска одржа вонредна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика (КОМП) на која донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на ниво од 1,75 отсто. Според Народната банка, тоа треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, а со тоа ќе се овозможи одржување на кредитниот циклус и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, особено врз ликвидноста на корпоративниот сектор, иако ликвидносниот потенцијал со кој располагаат банките е висок.

Потребата од одржување вонредна седница, како што наведуваат од Народната банка, произлезе од брзото ширење на вирусната инфекција ковид-19 во глобални рамки, со што се продлабочија ризиците и во домашната економија.

На седницата повторно се разгледани најновите економски показатели, при што е разговарано и за ефектите од појавата на ковид-19 врз глобалната и врз македонската економија.

– Во услови на стабилни инфлациски движења и адекватно ниво на девизни резерви, а при извесни негативни ефекти врз економијата од надворешното окружување, како и од мерките за ограничување на ризиците од ширењето на вирусната инфекција ковид-19, Народната банка донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 проценти поени, со што таа ќе изнесува 1,75 отсто. Ова е второ намалување на каматната стапка во 2020 година и треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките. Со тоа ќе се овозможи одржување на кредитниот циклус и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, особено врз ликвидноста на корпоративниот сектор, иако ликвидносниот потенцијал со кој располагаат банките е висок, стои во соопштението.

Се додава дека Народната банка разгледува и дополнителни мерки за поддршка на економијата, во вакви околности кога таа е погодена од неекономски и неочекуван негативен шок.

-Овие мерки, истакнуваат, се однесуваат на евентуални промени што ќе ги стимулираат банките да ги поддржат најпогодените сектори во економијата, а преку целна промена на дел од монетарните инструменти и преку промени во регулаторните барања.

Напоменуваат дека засега тековите се стабилни, а Народната банка е доследна на успешното спроведување на своите цели: одржување стабилни цени, стабилен девизен курс и одржување на финансиската стабилност.

Во овој контекст, соопштуваат дека нивото на девизните резерви е комфорно и сосема е адекватно за да може соодветно да се реагира, доколку евентуално дојде до поголемо остварување на ризиците и потреба за апсорпција на ефектите.

–Банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу кои се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот ковид-19 на глобално ниво. Домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра состојба од периодот на почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година, се наведува во соопштението. 

Народната банка со голема внимателност ќе го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветно приспособување на политиките и соодветна и навремена реакција.

Во соопштението додаваат дека на седницата е заклучено дека ризиците за глобалната и домашната економија предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција ковид-19 се изразени. – Првичните очекувања дека оваа појава ќе биде локализирана на територијата на Кина се покажаа како неосновани, а ризикот дека нејзиното времетраење, силината и географската распространетост ќе бидат големи се оствари во многу кус период. Од крајот на февруари до почетокот на март овој вирус се прошири во над 80 земји во светот. Мерките што се преземаат на глобално ниво за спречување на неговото ширење се однесуваат на ограничување на движењето, одложување поголем број активности, отежнување на глобалните синџири на производство, промени на цените на пазарите на финансиските инструменти и на примарните производи. Сите овие мерки имаат последици за понудата и за побарувачката во економијата, како и за довербата на потрошувачите и инвеститорите и со тоа, за вкупниот раст на економијата, наведуваат од Народната банка.

Додаваат дека големината на вкупните негативни економски ефекти тешко може да се одреди поради неизвесноста околу времетраењето и силината на вирусната инфекција.

Според Народната банка, иако тековниот шок е од неекономска природа и најверојатно нема да го загрози долгорочниот потенцијал за раст и макроекономските основи на економиите на трајна основа, неговите ефекти на краток рок врз глобалната економија најверојатно ќе бидат изразени и ќе се одразат како големо забавување или намалување на глобалната економска активност. – Европската централна банка, појаснуваат, ги објави своите мартовски проекции за еврозоната, како наш клучен трговски партнер. Овие проекции не ги опфаќаат во целост најновите ефекти од ковид-19 врз глобалната активност и трговијата и предвидуваат раст на еврозоната од 0,8 отсто во 2020 година. Сепак, нивните сценарија за ефектите од ковид-19 врз еврозоната, коишто претпоставуваат присуство на пандемијата до крајот на првата половина од оваа година, упатуваат на можна помала активност во однос на ова сценарио во интервал од 0,6 до 1,4 процентни поени. Притоа, ЕЦБ нагласува дека овие сценарија не претпоставуваат монетарна или фискална реакција, којашто, доколку се преземе, значително би ги ублажила негативните ефекти.

Во соопштението Народната банка појансува дека остварувањето на ризикот и неговите негативни ефекти врз растот на економиите доведоа и до брза реакција на поголем број централни банки со намалување на нивните каматни стапки и/или преземање дополнителни мерки за креирање ликвидност во системот и поддршка на кредитирањето. Вакви мерки, наведуваат, презедоа и Федералниот систем на резерви, Европската централна банка, Банката на Англија и со ова придонесуваат за дополнително олеснување на финансиските услови и за поддршка на реалниот сектор, во услови на неочекуван негативен шок со силно влијание врз вкупната активност.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ