CivilFest
Categories

БЛОКАДА Оставка на градоначалниците на општините со српско населени во Косово

Градоначалниците на четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово, Стеван Вуловиќ од Зубин Поток, Вучина Јанковиќ од Звечане, Зоран Тодиќ од Лепосавиќ и Горан Ракиќ од Северна Митровица, поднесоа оставка.

Меѓу причините за тоа во заедничката изјава тие го споменуваат воведувањето на високиот данок, како и полициската акција за апсење на Милан Радојчиќ, како осомничен за убиството на Оливер Ивановиќ. Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, објави дека ќе се формира кризен штаб кој ќе носи одлуки во зависност од случувањата.

Вработените во Судот во северниот дел на Митровица денеска одлучија да ја прекинат работата во знак на солидарност со жителите на четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово, кои протестираат против одлуката на Владата за воведување 100 отсто такси за производите од Србија.

Print Friendly, PDF & Email