Инвестициониот фонд за развој на медиуми (МДИФ) и Стирија Медиа интернешнал остро го осудија оружениот напад врз новинарката Оливера Лакиќ од независниот весник „Вјести“ и ги повикаа властите во Црна Гора да сторат сé што е можно ова кривично дело да не остане неказнето.
Новинарката Лакиќ беше ранета во ногата пред нејзиниот стан во Подгорица, во вооружен напад од лице на кое, при заминувањето од местото на настанот, му се придружиле уште две лица.
“Овој напад претставува сериозна закана за независните медиуми на Црна Гора. Тоа е порака дека работите може да станат смртоносни следниот пат, а меѓународната заедница и локалните власти треба сериозно да го сфатат предупредувањето. Пред помалку од еден месец, во нашата изјава од 13 април, ние ги предупредивме локалните власти и меѓународната заедница дека со високо ризичните говори на претседателот Ѓукановиќ, пред изборите во април, се ризикува да се легитимираат физичките напади врз новинарите. Ова се повторува секогаш во Црна Гора по слични изјави на Ѓукановиќ и никој не може да тврди дека се изненадување “, вели извршниот директор на МДИФ, Харлан Мандел.
Г-ѓа Лакиќ е реномиран истражувачки новинар кој многупати известувала за криминалните групи во Црна Гора, и ова не е прв напад со кој се соочила. Пред шест месеци беше физички нападната и претепана. Сторителот помина шест месеци во затвор, а оние што стојат зад нападот се сѐ уште непознати.
“Вијести” и неговите вработени претрпеа повеќе од 25 физички напади, бројни вербални напади и повторено финансиско вознемирување, а извршителите уживаа речиси неказнивост, при што ниту еден човек не беше одговорен за наредба за напад.
Од МДИФ и Стирија Медиа Интернешанал велат дека се додека оние што ги наредуваат овие напади уживаат неказнивост и сé додека раководството на Црна Гора продолжува да го поттикнува насилството врз новинарите без какви било последици, насилство нема да завршат.
Тие ги повикаа локалните власти и меѓународната заедница да направат сѐ што е можно со гаранција дека сторителите на овој злобен криминал и оние што го наредиле ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Извор МДИФ