• Latest

Острени: Не се повикувајте на ОНА, нудете изборни програми!

November 23, 2016

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Острени: Не се повикувајте на ОНА, нудете изборни програми!

November 23, 2016 16:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По обидите за инволвирање на Ослободителната народна армија – ОНА во актуелната предизборна кампања, за освојување на поени кај етнички-албанскиот електорат, реагираа нејзини поранешни лидери, со барање – организацијата која е распуштена во 2001, да не се злоупотребува за партиски цели

„Ослободителната народна армија – ОНА (УЧК), беше патриотска организација, и таа се распушти во септември 2001 година. Мислам дека никој не треба да се повикува на ОНА, затоа што тие што учествуваат на избори, треба да се повикуваат на своите изборни програми. Емоциите, и на некој начин влијанието, посебно кај граѓаните – Албанци, ќе ѝ наштетат на ОНА, затоа што таа си ја заврши својата мисија, и сега, партиите  треба да кажат кои се причините за неостварувањето на задачите и целите на ОНА, кои се изразени во Охридскиот договор и во измените на Уставот“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Гзим Острени, лидер на партијата „Унитети“, која на изборите настапува како дел од  коалицијата „Алијанса на Албанците“, поранешен генерал на ОНА и поранешен генерален секретар на ДУИ.

По неуспешниот обид на носителот на листата на ДУИ во Првата изборна единица Артан Груби, од говорница да иницира скандирање за ОНА,  аналитичарот Рамадан Рамадани, за ЦИВИЛ Медиа, изјави: „Прво, пораката требаше да се испрати до структурите кои владеат со Али Ахмети, а тоа е – ВМРО-ДПМНЕ, со цел да работат на теми како што се – федерализација, двојазичност, за да ја избегнат најголемата тема за следните избори, а тоа е  – криминалот и узурпацијата на државата. Второ, тоа беше фрапирачки чин на човек кој е на погрешно место во погрешно време. Трето е степенот на неодобрување и исвиркување, кои доаѓаат за еден човек кој очигледно, не припаѓа таму“.

Медиумите го пренесоа и ставот на поранешниот припадник на ОНА, Абедин Зумбери, кој ги повика политичките партии на етничките Албанци да не ја злоупотребуваат ОНА во кампањата: „Не одат двете заедно, или си за ОНА, или си за граѓански концепт на државата. Додека сите Албанци се определени за заедничка држава, тогаш треба да бидеме многу внимателни со јавни изјави што создават меѓуетнички тензии… Драги млади Албанци, не дозволувајте такви неодговорни луѓе да бирате за ваши претставници во Собранието. Тие одамна ве лажат и ќе продолжат да ве лажат! Бирајте личности што ќе ви донесат економски услови за опстанок, добро образование, и мирен живот со сигурна перспектива. Бирајте личности што ви донесуват мир, а не конфликти во кои тие сами не учествуваат. Сите други изјави се само измама и манипулација кои ја нарушуват вашата иднина!“

Според Зумбери, секој обид за создавање на меѓуетнички поделби треба да се казни со гласот на граѓаните. „Сите тие кои цела ноќ кодошат и крадат заедно, а цел ден продават лажен патриотизам, е време да се казнуваат. Верувам дека мојот апел ќе допре до секого кој ја сака иднината на своето семејство и на сите граѓани“.

 

Tags: Абедин ЗумбериАртан ГрубиГзим Острениконфликт 2001ОНАОхридски договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ