• Latest

Осуетен повикот за насилство врз Шекеринска на социјалните мрежи

March 13, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Осуетен повикот за насилство врз Шекеринска на социјалните мрежи

March 13, 2024 14:37
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако некој сака да ја влече за коса во Уранија е“, гласи повикот за насилство врз поранешната пратеничка на СДСМ и министерка за одбрана, Рамила Шекеринска, од извесен профил Блефер на социјалната мрежа Х, објавувајќи неовластено фотографија од нејзе како седи во кафуле.

Покрај многуте критики имаше и такви како профилот Зоран Мушонов кој вели: „Ааа не ги сскај 5 години тешка робија чини тоа задоволство“.

Пришто Блефер му одговара: „5 години е внатре во Собрание и ако има пратенички имунитет. На улица треба да провериме како одат казните“.

Профилот Блефер ја избриша фотографијата и повикот за насилство откако не успеа да ги нахушка граѓаните да извршат насилство, како што беа нахушкани на 27 април 2017 година кога упаднаа насилно во Собранието и ги тепаа пратеници на СДСМ, а меѓу тепаните и влечена за коса и удирана со тврди предмети и тупаници беше и Шекеринска.

За да не се мачат „тепачите“ да бараат каква казна предвидува законот, еве што вели Кривичниот законик во Член 152: 

Неовластено снимање

(1) Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна

(4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека Секторот за компјутерски криминал постапува по случајот и ќе биде известено обвинителството и преземени се соодветни мерки за негово расчистување.

ЦМТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result