• Latest

Откако Институтот за јавно здравје потроши 47 илјади евра за прослава во „Хилтон“, сега нема пари за реагенси

August 27, 2024

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

(ВИДЕО) Катарскиот премиер Ал-Тани го обвини Нетанјаху дека „убил секаква надеж“ за израелските заложници

September 11, 2025
Фото: Скринчот од видео на
CBS News

Руски дронови веќе влегоа во воздушниот простор на неколку НАТО членки – многу други може да бидат во нивниот дострел

September 11, 2025

Метаморфозис: Политичките влијанија и финансиските проблеми ја гушат медиумската слобода

September 11, 2025

Бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

„Нетанјаху, не си одиме, справете се со Хамас, одете и убијте ги, ние не сме виновни“- пркос во Газа, додека Израел се подготвува да го освои северниот дел од Појасот

September 11, 2025

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

September 11, 2025
Nepali Parliament set on fire by Gen. Z protesters
Source> screenshot from Al -Jazeera video

Непал: Парламентот во пламен, соборен премиерот, демонстрантите од Генерацијата З бараат поголема застапеност

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Откако Институтот за јавно здравје потроши 47 илјади евра за прослава во „Хилтон“, сега нема пари за реагенси

August 27, 2024 12:33
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кога еден граѓанин би го погледнал цехот за прославата по повод одбележувањето на 100-годишнината на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) направен во април во хотелот „Хилтон“ во Скопје, кој севкупно изнесува безмалку 47 илјади евра, никако не би си помислил дека само четири месеци подоцна оваа институција нема да има доволно пари на својата сметка за да распише тендери за реагенси. Сметката за организацијата на јубилејната прослава изгледа раскошно, а нарачателот на услугите за јубилејот личи како да има буџетски пари од даноците на граѓаните на претек.

Но, состојбата во овој момент е сосема поинаква. Новото раководство на ИЈЗ нема доволно пари на сметката на Институтот за да ги распише неопходните тендери за реагенси, па затоа според информации на „Слободен печат“, молби се упатувани до Фондот за здравство кој се очекува да ја „закрпи“ касичката во која нема многу што да ѕвечка.

Законите налагаат секоја јавна здравствена установа пред да распише тендер, да има онолку пари на сметката колку што е проценетата вредност на тендерот. Толку пари во ИЈЗ нема, па затоа Фондот за здравство ќе префрла средства на сметката на Институтот, за да може законски да се склучат набавките. Реагенси има само за наредните два месеци.

Во април годинава Институтот за јавно здравје потпишал договор со професионална приватна фирма за набавка на „услуги за јубилејна прослава 100 години од постоењето на Институтот за јавно здравје“. По склучувањето на овој договор за јавна набавка се одржа прославата која беше организирана на највисоко ниво, во хотелот „Хилтон“ и траеше сè на сè – два часа. Присутни беа најголемиот дел од здравствените професионалци во државата, вкупно 520 гости.

Договорот за јавната набавка за организација на овој стогодишен јубилеј открива дека 2 милиони 855 илјади и 600 денари со вклучен ДДВ, односно близу 47 илјади евра отишле на различни ставки. Така, ИЈЗ од приватна фирма нарачал и добил „хотелско сместување во хотел со минимум 4 ѕвездички на база полн пансион“ за 2.758 денари по лице. Во тендерската спецификација е исклучиво наведено дека хотелот мора да биде со 4 ѕвездички. Изнајмувањето на конференциската сала во хотелот со 460 учесници даночните обврзници ги чинело 47.398 денари. Двочасовниот коктел чинел 381 денар по лице, а се „испиле“ безмалку 200.000 денари. Во договорот пишува дека се ангажираат музички уметници од Македонија за 12.473 денари за двата часа, хостеси за пречек и организација на гостите, професионален водител на програмата, озвучување на конференциската сала и озвучување на коктел-просторијата.

Во долгиот список на услуги купени за 100-годишниот јубилеј има и поставување на бина за 37.425 денари, лед екран кој чинел 1.497 денари по метар квадратен, а позадината за фотографирање (Backdrop) со димензии 6 метри на 3 метри чинела 17.964 денари.

Професионалниот фотограф добил околу 100 евра за услугите, поставувањето на кабина за превод била 2.474 денари, поставувањето и оперирањето со приемник за превод речиси 200 илјади денари, симултаните преведувачи од македонски на англиски и обратно добиле потценети 3.742 денари што е под цената којашто преведувачите во земјава ја наплаќаат за такви услуги.

ИЈЗ побарале и добиле изработка на лого за 100-годишнината и го платиле со буџетски пари на тендер 14.970 денари, а изработена била и специјална монографија со три изданија на македонски, албански и англиски јазик. Поканите за настанот, според договорот биле лакирани и во специјализирани коверти, а поканетите добиле пенкала, конференциски кеси, беџ со безопасна. Во тендерот има и неверојатна ставка за „авторски текст за покана“ и „авторски текст за флаер“.

Институтот нарачал и купил изработка на план за социјални мрежи и креирање на содржини за социјални мрежи со месечен календар и 17 објави на Фејсбук, барале да им се достави и месечен извештај за тоа колкав досег (reach) имаат објавите, како и пи-ар пакет што се состоел од соопштение за медиумите пред настанот, покана до медиумите за присуство на настанот, соопштение до порталите, говор за водителот на настанот, како и сиже на разговор за гостување во емиисија. Овие две ставки чинат 27.722 денари за планот за социјални мрежи и 25 илјади денари за пи-ар пакетот.

Плаќани биле и позадинско лого, ТВ-банер, осветлување на конференциската сала, брендирање на пулт за промотивен материјал, снимател и видео запис, изјави за документарец и опрема, како и повторно едитирање на документарецот по повод 100 години ИЈЗ, кој беше презентиран пред присутните.

„Слободен печат“ со сигурност потврди дека Институтот за јавно здравје во овој момент ѝ е должен на фирмата за дел од овие испорачани услуги, што значи дека доколку фирмата се реши да тужи за доспеаниот долг, граѓаните од буџетот ќе треба да плаќаат и за судски давачки.

Освен овие 47 илјади евра потрошени на јубилејот за 100-годишнината на Институтот за јавно здравје, „Слободен печат“ дојде до документи, односно решенија, коишто покажуваат дека ИЈЗ на некои свои вработени им делел и награди за „особен придонес за реализација на свечената прослава по повод 100 години јубилеј на Институтот“ од по 15 илјади денари.

Во друго решение пак, кое го поседуваме, а е од 23 мај 2024 година, пишува дека поради успешност во работата и домаќинско работење на ЈЗУ Институт за јавно здравје, како и стимулирање на вработените и работно ангажираните работници кои не ги исполнуваат условите за добивање јубилејна награда, согласно одржаната седница на стручниот колегиум од 14 мај 2024 година се утврдува исплата на еднократен додаток на плата во висина од 6 илјади денари, а решението стапува на сила веднаш.

Има уште едно решение за исплата на стотици евра за „ангажирање на вработените за извршување на вонпрограмски задачи од оддел за здравствена промоција и следење на болести на подолг период со цел да се опфати цела Македонија“. Вкупно 12 лица се наградени според ова решение со по 500 или по 400 евра, а меѓу нив е и секретарката во Институтот. На тендерот се потрошени 550 илјади денари за 10 луѓе кои биле инспициенти, што според речникот на македонски значи „лице што ги води и контролира сите работи зад сцената за успешна изведба на претставата“.

Иако Институтот не е директен буџетски корисник, тој сепак влече пари од буџетот преку Фондот за здравство чија единка корисник е.

Ребалансот на буџетот што се изгласа за 2024 година на стр 21 заклучува:

При склучување на договори за јавни набавки институциите од јавен сектор да ги имаат предвид одобрените финансиски средства за тековната година и да не преземаат обврски за кои нема обезбедено средства на среден рок.

Институтот за јавно здравје во моментов се соочува со неможност да ги распише тендерите за неопходните реагенси баш затоа што ги нема средствата на среден рок и нема да ги имаат освен ако ФЗОМ не се реши да им ги префли. Уште на почетокот на преземањето на функцијата после изборите, новата директорка на Институтот за јавно здравје, доктор Марија Андоновска, рече дека среде епидемија на голема кашлица институтот бил оставен без реагенси за голема кашлица, па морала да се снаоѓа и да ги најде преку донации бидејќи тендерите не биле распишани на време. Непосредно после тоа, во Институтот имаше обид за саботажа кога засега непознати сторители, ги исклучиле фрижидерите во кои се чуваат реагенсите. Обвинителството води истрага за тоа, но засега без епилог.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 100 години јубилејИнститут за јавно здравјепрославахотел Хилтон
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ