Медиумите (папараците) успеаја да го уловат надежениот боксер и експремиер Никола Груевски како „пие кафе“ во унгарскиот суд. И покрај големото обезбедување, „златните алки“ околу рацете, скапите наочари за сонце и безбол капче, сепак Груевски не успеа да им се сокрие на „папараците“.
По информацијата дека се очекува Груевски да се врати од „одмор“, граѓан(к)ите масовно се организираа да го пречекаат на скопскиот аеродром.
Прославата со зурли и тапани, и со песните: „Излези момче право на тераса…“, „Никој ништо не ти може Никола, Никола, Никола…, малку ќе почека, бидејќи унгарскиот суд му го откажа „летот“ на Груевски, за Северна Македонија.
Санчо Панса
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалоноста е (не)намерна.