Categories

НАСА Откриени три нови егзопланети

Астрономи, вклучени во работата на сателитот TESS, потврдија откритие на три планети и над повеќе од 300 кандидати за егзопланети.

Исто така, вклучени се стотина астрономи кои треба да ги следат, потврдат и опишат откриените планети.

Pi Mensae cе двојно поголема од нашата планета, има петпати поголема маса од Земјата. Нејзината сестринска планета која е претходно откриена, Pi Mensae b, е гасовит џин чија маса е десетпати поголема од масата на Јупитер. Научниците не знаат како двете толку различни планети се во истиот систем. LHS 3844 b е врела егзопланета малку поголема од Земјата. HD 21749 е трипати поголема од Земјата, но неговата маса е 23 пати поголема. Астрономите претпоставуваат дека има густа, тешка атмосфера.

Во своето набљудување TESS регистрираше многу дополнителни феномени, вклучувајќи комети, астероиди, блескави ѕвезди, затемнети бинарни ѕвезди, бели џуџести ѕвезди и супернови.

подготви: Б. Ј.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email