Categories

АКЦИЈА Отстранети дивите пазарџии во општина Аеродром

Инспекциската служба на општина Аеродром во соработка со комуналната инспекција на Град Скопје, пазарната инспекција и полицијата деновиве организираа акција за отстранување на дивите препродавачи на најфреквентните локации во општината. 

Дивите препродавачи ја попречуваа работата на пазарџиите, кои реагираа до општината. Дополнително, го отежнуваа движењето на граѓаните на јавните површини со поставување производи за продажба на непредвидени локации.

Инспекциските служби пристапија со опомени и акцијата заврши успешно, а јавните површини се исчистени.

Комуналните инспектори ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата, информираат од општина Аеродором.

Меѓутоа, откако инспекторите се справија со најзагрозените препродавачи кои заработуваат за леб, се поставува прашањето – кога надлежните органи ќе се занимаваат со запирање или отстранување на изградбата на нови згради на зелените површини, за да можат граѓан(к)ите да пешачат слободно, а децата да имаат место кадешто ќе трчаат и ќе си играат.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email