• Latest
Војо Маневски

Отворена држава

July 27, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Отворена држава

July 27, 2022 15:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Има ли некој термин што може безусловно да го поврземе со нашата држава од осамостојувањето, па до денес. Кај мене изборот се сведе на два поима – опстојување и отвореност. Можно е да се најдат и уште неколку пeриферни поими во оваа конкуренција, ама ете јас се одлучив за отвореност. Сите асоцијации што можат да поттикнат говор на нетрпеливост однапред ги отфрлам. Кога мислам на отвореност веднаш ја имам јасната слика во сите сегменти на општествениот живот.

Економијата треба да е отворена како услов за поголем пазар и поголеми инвестиции. Уф, кога се сетам на низата науки и системи од деведесеттите каде ни препорачуваа што побргу да ја отвораме економијата, како прв услов за пазарен натпревар и слободна економија. А оно да ти било нешто сосема друго. Никој тогаш не ни објасни дека имаме неконкурентна економија и слаб правен систем, кој бргу ќе подлегне пред корупцијата и организираниот криминал. Ја отворивме индустријата како врата на фабричка хала од која се изнесе сѐ што имаше некаква пазарна вредност, и сега стои како потсетник на заблудите и неодговорноста. Додека паметните држави го направија распоредот на постапките со кои ја јакнеа технолошката подлога на економијата и сериозно ја сфатија ИТ технологијата, ние кажувавме приказни за услуги и туризам. И ете ни сега држава со старо население на кое му се потребни бањи и пензионерски домови. Само сега тоа не се услуги, туку социјални грижи. А можеби и тоа било целта на оние што ги водат тeковите на економијата на пошироки простори. Банките не ги отворивме зошто новата олигархија нема намера да развива економија, туку да ужива во стекнатото богатство од отворената приватизација. Што би рекол нашиот народ – парата на пара оди.

Политичкиот систем го отворивме како митинг на плоштад. Се формираа партии во кои влегуваат членови од разни идеолошки улички и на крајот станаа акционерски друштва, во кои се влегува и останува со калкулатор во рака, околу добивката кога ќе се дојде до својот дел од власта. Сега не се знае дали партиското раководство го користи членството за своите политики или е заробеник на истото, кое испорачува цена на услугите од членувањето.

Образованието го отворивме како пупка на која може да слета секоја пчела, а кај нас слетуваа оси и стршлени, па сега имаме писмено полагање на филозофија и право, а златните раце и белегзија на мајсторите станаа реткост како и вредноста на металот со кој ги споредуваме. Среќа наша што не се појави некој друг систем, па останавме на Болоња и Кембриџ. Од Болоња имаме само илјадници магистри и доктори, а Кембриџ со романско искуство и италијанска ревизија скапо го плативме. Не смеам да помислам, ако ни предложеа да прифатиме некој бугарски систем. Ќе си пеевме – ас сум мало Б’лгарче.

А само колку ја отворивме надворешната политика. Отворена е за сечие влијание и интереси. Од еквидистанца поминавме на отворено послушништво кон секоја моментална иницијатива на бирократите од Брисел, или поверениците на големите сили, кои ги има и за делник и за празник. Толку сме отворени што почнавме да не ги препознаваме дипломатските игри и договори, однесувајќи се како суверена и самодоволна држава. За жал, ние тоа не сме на ниту едно поле. Почнавме и Балканот да го отвораме, само да не се загубиме во таа ново отворена широчина, патоказите слабо ги читаме.

Во културата кога удривме една отвореност и тоа од сите страни, та денес од промајата што ни ја направи таа отвореност малку остана од култура. До душа имаме отворени фестови и разни „дешавки “на градските плоштади и улици, ама главните културњаци пеат на некој друг јазик од отворениот Балкан. Во културата се однесуваме во склад со менталитетот на паланка (мал град) и со почит за поговорката за жабата и коњот. Треба ли да имаме театри — секако дека треба. Ај да отвориме едно петнаесетина и нека гледа театар народот. Арно, ама за такви институции се потребни средства, актери, драматурзи, режисери. Нема пари за авторски права, па се земаат текстови со изминат рок на права и се поставуваат. Убаво звучи Бекет кога се игра во Гевгелија на пример. Звучи, ама и на тоа останува. Нѐ спасува инвентивноста на режисерите на кои и каков да им дадеш текст тие исти претстави прават. Во склад со бараната препознатливост и идентитет. Да не заморувам со други примери за последиците од отвореноста, тие се видливи во секој портал или медиум каде одамна нема рубрика за култура. Се сеќава ли некој на издржана критика во било која област од културата?

А, за малку ќе заборавев на отворената администрација. Ја отворивме за сите партии. Доста беше едноумие и кадри на само една партија. Сега секој што дојде некако до власт веднаш во отворената администрација си ги води и своите сопартијци, а некогаш и своите блиски и подалечни роднини. Овде веќе ја надминавме оптималната отвореност што сега ќе мора да ги подзатвораме вратите. Ама како вели нашиот народ – на поле врата не се става.

Уставот треба да го отвориме. Не само да го отвориме, туку да му вградиме некоја триумфална порта и таа да биде постојано отворена. Да си влегува кој кога има потреба и кога сака. И онака Уставен суд не можеме да составиме половина година. Штом нема кој да суди значи ништо не е противуставно. Нека влезат сите делови од народите од соседството, ама и за оние подалечните предели  да имаме приготвено уставни простори. За оние што ќе треба да работат на нашите полиња , фабрики и ресторани, место нашите млади што сега разнесуваат морски плодови по туристичките места или берат грозје по тосканските полиња. Таква една иницијатива имаше од некое здружение на угостители, ако не се лажам. Има овде и една непознаница. Ако е отворен влезот во уставот имаат ли уставо-писателите и решение за излез од него? Колку и да е отворен уставот еднаш ќе се преполни и тогаш некој ќе треба да го напушти. Колку во тоа напуштање ќе има доброволност, а колку принудност треба да се предвиди уште сега. Како што ми стојат работите сегашниот мнозински народ ќе мора да се стесни во уставот, зошто изгледа зазема преголем простор. Полека, полека да не дојде до излезната врата која допрва ќе биде проектирана. До нејзината изградба има опасност и да се задуши.

И така во својата отвореност дојдовме до отворени затвори. Малку ми е необјасниво како може заменката да е отворен, а именката затвор. Ако е отворен тогаш не е затвор, а ако е затвор тогаш не е отворен. Е тоа е кога имаш слабо екипиран јазик и затоа не треба да им се лутиме на соседите што ни нудат помош од својот фонд на зборови.

Во ваквата отвореност не смееме да застанеме. Затворите мора да се слика на општеството и можност за ресоцијализација на оние што волно или неволно погрешиле. Мал народ сме и не смееме да се откажуваме од ниту една единка. А и верата ни налага да му помогнеме на секој што е во неволја. Затоа нека се отворат затворите и секој нека си ја изгради својата ќелија. Нека си ја прилагоди на својот начин на живот, зошто ако му ги земеме условите во кои живеел може да падне во депресија и целата постапка на ресоцијализација може да не успее. А ресоцијализирани личности ни се неопходни. Сите тајни на занаетот ги знаат и само ако бидат ставени во системот никој нема да има избега од надзорот. И така ќе се подигне ефикасноста на системот во борбата со корупцијата и криминалот. Мнозина од нив ги имаат почувствувано и двете страни на законот.

Затоа да направиме еден референдум за отворање на сѐ и сешто во државата и така отворени да ја дочекаме Европа. Не ние да одиме таму, туку тие да дојдат овде на отворено.

Мојот комшија има една дилема. А бе новинар таа отвореност колку прста треба да е? Немој да се породиме пред време или на нероден Петко капа да му кроиме.

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ