• Latest

Ова го нема никаде во светот!

February 6, 2016
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ова го нема никаде во светот!

February 6, 2016 10:50
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Одборот за акредитација и евалуација на високото образование издаде дозвола за формирање на нов државен универзитет на македонски јазик во Скопје –  “Дамјан Груев”, ЦИВИЛ Медиа разговараше со професори од универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, за нивниот став, по прашањата – дали има потреба од уште еден универзитет, има ли доволно кадар што ќе предава на новиот универзитет, и што тоа значи за образовниот систем во Македонија? 

Професорот во пензија на Медицинскиот факултет, д-р Владимир Борозанов, смета дека нема потреба од отворање на нов универзитет, и дека подобро е парите предвидени за негово формирање, да се искористат за подобрување на квалитетот на веќе постоечките факултети.

“Продолжува политиката на снижување на квалитетот на УКИМ и на Медицинскиот факултет во Скопје. Не знам која е причината и мотивите, но веќе доста години наназад тој е запоставен. За жал, ќе биде лошо за граѓаните, затоа што едукацијата на студентите рапидно паѓа. Е, сега, овој нов универзитет, се однесува повеќе на воена медицина, но нема ни една медицинска студија, никаде во светот нема клиника, а да не зборуваме за ваков – субспецијален медицински  факултет. Ова не сум го видел никаде во светот. Имаше во големите држави, медицински факултет при воено-медицински академии, мислам тоа уште постои во Белград, но тоа е сосема друга структура. Само да ми објаснат како ќе учат студентите: анатомија, медицинска хемија, физиологија, биологија…: Каде ќе вежбаат? А тоа е основа на медицинското знаење. Слична е ситуацијата и во Штип и во Тетово, а сега, еве, уште еден удар врз едукацијата на идните доктори!?“, смета д-р Борозанов.

Тој се плаши дека ќе се импровизира поради недостатокот на кадри.

„Немаме ние кадар за да обезбедиме комплетна здравствена заштита на населението, или, само ќе имаме  кадар за факултети, а по внатрешноста ќе умираат оти немаат доктори? Па, и во Скопје нема кадар. Има недостаток гинеколози, оти приватниот сектор ги апсорбира сите квалитетни кадри. И од економска гледна точка е проблематично, подобро е ако веќе решиле тој дел да го финансираат, иако во денешно време воена медицина би била потребна во случај на атомска војна, подобро е да инвестираат во катедра за воена медицина и воена хирургија, нека ја обноват, осовременат, па ајде да кажеме дека тоа има некаков резон. И потребата од Воздухопловна академија, а имаме само еден авион и еден хелихоптер, ама тоа е… А, дека некој ќе дојде да учи кај нас, тоа да ми јават… Медицинскиот факултет едно време имаше добро реноме, имаше студенти од Палестина, од арапските земји, но тоа отпадна и практично, денес ги нема. Место ова да се прави, многу подобро е да се обнови Медицинскиот  факултет, и да му се врати силата што ја имаше, затоа што 65 години традиција не е малку. Тој беше најквалитетен и сé уште е најквалитетен медицински  факултет што го имаме, со сите маани“, дециден е искусниот професор Борозанов.

Марија Теговска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: акредитацијаМедицински факултетуниверзитет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ