• Latest

Пандемијата и демократскиот дефицит

May 24, 2020
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пандемијата и демократскиот дефицит

May 24, 2020 08:28
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КЛИМЕНТИНА ЃОРЃИОСКА

Почетокот на третата деценија на 21-от век го конфронтираше човештвото со огромен предизвик. Здравствената криза предизвикана од „корона вирусот“ успеа да ги измести оските на општествена и економска конструкција.  Ги промени социјалните активности, секојдневните ритуали, a особено го реструктурираше потрошувачкото однесување. Создаде нова општествена реалност, а човечката алиенација доби физичка димензија. Ги реобликува меѓучовечките односи и воведе нови навики на општествено прифатливо однесување. Пандемијата од загрижувачки размери и со катастрофални импликации врз здравјето на светската популација се уште трае, а иднината е во голема мера непредвидлива.  На интернационалната политичка и економска сцена глобалните актери ги реадаптираат своите сценарија. 

Феноменот на пост-демократија актуелен во академските кругови повеќе од една деценија, никогаш не бил повидлив од овој момент на нашата реалност. Кованицата постдемократија, чиј автор е британскиот политички научник и социолог Колин Крауч, може да се перципира како  стадиум во кој општеството има слабо демократско здравје. Постдемократското не е антидемократско општество per se. Напротив, постдемократското општество ги користи сите институции на демократијата, но тие сè само негова формална обвивка. Политичката и економска моќ имаат тенденции да се концентрираат во рацете на елитите, кои се кријат зад фасадата на демократските институции. Можностите на граѓаните за учество во јавниот живот значително се намалуваат. Тие сега се ставени пред „готови решенија“ од властите, нивното право на учество во процесите на креирање и носење одлуки се крајно редуцирани. Демократската фасада е презентирана во голема мера преку можноста за учество на избори, останатите демократски права сериозно се загрозени. 

Ова го потврдува и извештајот на Freedom House, дека годинава светските демократии доживуваат драстичен пад. Пандемијата на „Ковид -19“ ги интензивира овие ретроградни процеси за демократијата. Законодавните тела кои што треба да бидат, de facto и de jure институции за проверка, за баланс и надзор врз извршната власт, сега се ставени на пауза. Тие не ја остваруваат улогата на центри на политичка дебата.  Политичарите веќе не се ни кријат зад демократската завеса. Напротив, на многу начини тие се обидуваат да ги избегнат демократските механизми за проверка на нивната моќ. Според аналитичарите на Freedom House во евро-азискиот регион има помалку демократии отколку пред 2,5 децении. Инфографикот со наслов „Деценија на демократски дефицит“   илустрира дека државите во Европа и Евроазија, бележат нето опаѓања на демократските поени и вредности и дека во континуитет и со конзистентност ги надминуваат нето добивките во последнава деценија. Компаративните податоци покажуваат дека најалармантни биле 2013-та, 2017-та и 2018-та година. Во 2013 година нето добивки евидентираат шест држави, а нето опаѓања бележат седумнаесет земји. Во 2017 година, демократскиот нето бенефит е идентичен како оној во 2013-та, но осумнаесет земји нотираат демократски дефицит. Според анализата демократската дискрепанца е најкритична во 2018-та. Од 24 анализирани, само 5 земји имале демократска нето придобивка. 

Годинава, кога светот се соочува со корона пандемија, во 15 земји од регионот паѓаат демократските придобивки, односно граѓаните ја губат слободата на движење, а со тоа и правото на јавно и колективно демонстрирање на незадоволството, се загрозува слободата на говорот, слободата на медиумскиот простор, се редуцира просторот за делување на граѓанското општество, се редуцираат и многу други демократски права кои што имаа своја слободна реализација, до последниот миг пред појава на пандемијата. 

Најеклатантен е моделот на владеење на премиерот, Виктор Орбан во централно -европска Унгарија, членка на ЕУ од 2004 година. Изминатава деценија, Орбан ја централизираше својата моќ. Во голема мера го контролираше медиумскиот простор. Го редуцираше критичкиот потенцијал на граѓанското општество. Овој конзервативен десничарски лидер ги консолидираше авторитарните стремежи со примена на механизмот на контрола на образованието. Пример за тоа е неиздавањето дозвола (декември 2018) за натамошна работа на реномираниот Централно Европски Универзитет (CEU) речиси со тридецениска традиција во унгарската метропола. Само затоа што Универзитетот е центар на критичка мисла, чија визија е промоција на отворени општества, а е финансиран од филантропот Џорџ Сорос.  Уште еден факт е тоа што, во време на пандемија, унгарската Влада усвои закон за вонредни состојби, во кој извршната власт одлучува со одредби на неодредено време. Во државите во транзиција, досега овој е најсериозен недемократски акт на еден режим. 

Според анализата на Freedom House, слична е политичката констелација во двете балкански земји: Србија и Црна Гора, кои што веќе не се категоризираат како демократии во земјите во транзиција. 

Политичките тенденции се шират брзо, речиси со интензитет на вирус. Пример за ова е масовната појава на радикално- десничарски партии за време и по рецесијата од 2008-ма. Феноменот беше присутен во Грција, рефлектиран со парламентарниот легитимитет  на неофашистичката „Нова Зора“ (2012). Во Франција се зголеми рејтингот и гласачкото тело на Национален Фронт на Мари Ле Пен (2009). Во Холандија зајакнаа капацитетите и потенцијалот за политичко влијание на антиисламската, десничарска Партија за слободата на Герт Вилдерс (2010). Во Велика Британија, конзервативниот лидер Најџел Фараж на десничарско – популистичката Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП) успеа да ги придобие симпатиите на мнозинството Британци кои гласаа Брегзит (2016). Именител на сите овие партии е нивната политичка агенда, содржана во триптихот: зајакнување на националниот суверенитет, истакнување на супериорноста на својата во однос на сите други нации и јакнење на евроскептицизмот.

Оттука, Република Северна Македонија, земја со дефицитарна демократска традиција, чие општество се уште не може да ги санира последиците од транзицијата и еднодецениското владеење на конзервативната десничарска ВМРО-ДПМНЕ, предводена од тогашниот авторитарен лидер Никола Груевски (кој побара засолниште кај својот пријател Орбан) има електорат чиј демократски штит се спушта брзо. Затоа и сега кога земјата е пред најава за вонредни парламентарни избори, треба да се биде претпазлив, до граѓанинот да се предочат сите латентни форми на губење на демократските вредности. Политичките лидери да ја зајакнат демократската хигиена и да имплементираат политики кои што ќе делуваат како дезинфекционо средство против антидемократските практики. А, во меѓувреме техничката Влада да функционира со полн демократски капацитет и да се погрижи во таква клима да се одвиваат и претстојните избори, водејќи сметка и за примена на нови здравствени правила на живот.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ