ЦИВИЛ ќе организира панел дискусија за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности, на 21 мај (петок), со почеток во 13 часот, во хотел Сити Парк, во Скопје.
Панел дискусијата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.
На панелот се поканети учесниците во Иницијативата кои преку видео пораки ја промовираа мултикултурата и европските вредности, за изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет.
Настанот ќе се одржи без публика, според протоколите за заштита од Ковид-19, а на учесниците им се овозможи да изберат меѓу физичко и онлајн присуство.
Настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а потоа ќе бидат објавени низа медиумски содржини на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, на македонски, албански и англиски јазик.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.