• Latest

Паника на Волстрит, реакција и од Белата куќа

February 6, 2018

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Паника на Волстрит, реакција и од Белата куќа

February 6, 2018 09:42
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Паника завладеа синоќа на Волстрит, каде главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија, за која претседталот на САД Доналд Трам редовно упатуваше пофалби.

Дау Џонс Индастријал Афериџ нагло падна во вториот дел од денот и во помалку од еден час премина прагови од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Тоа е најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008 година. Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Дау Џонс падна за околу 4,60 отсто.

Технолошкиот индекс Насдак загуби 3,78 отсто, додека S&P 500 во кој се 500 најголеми компании на берзите во САД, 4,10 отсто.

Таа корекција се случува во момент кога Џером Пауел ја презема должносат гувернер на американската Централна банка, каде досега беше шеф Џенет Јелен, единствена жена на таа функција. Белата куќа синоќа објави дека „секогаш е загрижена кога вредноста на берзите паѓа“. Портпарол подоцна рече дека се работи за „краткорична флуктуација на пазарите“ и доддаде дека американската економија и понатаму е „многу силна“ и „оди во добра насока“. Стапката на невработеност во САД моментно е на најниско ниво во изминатите 17 години.

Си-Ен-Ен нагласува дека „со години на Волстрит немало толку страшен ден“ и оти акциите биле во „слободен“ пад.

Остриот пад на индексите е последица на стравувањата на инвеститорите од раст на инфлација и камати. И минатата недела, цените на акциите паднаа откако беа објавени податоци за голем раст на вработеноста и платите во САД. Тоа би можело да ја поттикне потрошувачката, а со тоа и инфлацијата, што може да ја наведе американската Централна банка да го забрза темпото на зголемувањето на клучните каматни стапки.

– Американскиот претседател Доналд Трамп се занимава со „основите“ на долгорочната економија, која и натаму е „исклучително силна“, соопшти Белата куќа по паниката поради падот на индексот на Волстрит.

– Претседателот се фокусира на нашите долгорочни економски основи, кои се исклучително силни, со јакнење на економскиот раст, историски ниската стапка на невработеност и раст на заработувачката на американските работници, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: берзаВолстритпаникаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ