Папата Франциск на неговата неделна општа аудиенција во средата ги осуди руските „немилосрдни бомбардирања“ на украинските градови и ги повика „оние кои ја имаат судбината на војната во свои раце“ да престанат, наведува Ројтерс.
На Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар, зборувајќи пред илјадниците аџии собрани околу него, папата Франциск ја изрази својата блискост со украинскиот народ, кој во моментов страда од последиците од огромниот ракетен напад, пренесува Ватикан Њуз.
„Во овие денови моето срце е со украинскиот народ, особено со жителите на местата каде беснеат бомбардирањата“, рече папата Франциск коментирајќи го силното руско бомбардирање на украинските градови.
Светиот Отец додаде дека се моли за Украинците.
„Јас во себе ја носам нивната болка и со посредство на Пресвета Богородица, во молитва му ја презентирам на Господа. И Бог секогаш го слуша плачот на оние што Го повикуваат. Нека Неговиот Дух ги преобрази срцата на оние што го држат судбината на војната во нивни раце, за да престане ураганот на насилство и да се изгради мирен соживот во правдата“, рече Папата.
На 10 октомври, Русија изврши ракетни напади врз Киев, Хмелницки, Лавов, Житомир, Днипро и други градови. Вкупно 84 ракети беа истрелани низ Украина, а 43 од нив беа соборени.
Подготви: Д.Мишев