Парична казна за фирмата – увозник „Македонија лек“ и вработените од вакциналните пунктови поради скандалот со 650те кутии со погрешна декларација.
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека договорот со фирмата нема да се раскине, но како превентивна мерка на следниот тендер „Македонија лек“ нема да може да конкурира.
Во меѓувреме денеска е детектиран нов случај на морбили во општина Карпош, а уште пет се сомнителни.
Комисијата за заразни болести е децидна дека епидемијата нема да го продолжи зимскиот распуст на учениците, но и дека се разгледува предлогот за отпочнување на постапка за вакцинација во училиштата. Според податоците, околу 4000 ученици од прво до деветто одделение ја немаат примено МРП вакцината.
Откако е прогласена епидемијата од морбили на територијата на Град Скопје се вакцинирани нешто над 2000 лица.
М. И.