• Latest

Парламентарните партии не отстапуваат од ставовите за онлајн работење на пратениците со Ковид-19

November 24, 2020

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Парламентарните партии не отстапуваат од ставовите за онлајн работење на пратениците со Ковид-19

November 24, 2020 14:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарните партии и денеска останаа на своите ставови во однос на можноста пратеници со Ковид-19 или во изолација со решение да можат онлајн да се изјаснуваат на седници и на работни тела – владејачките партии сакаат предлогот за дополнување на Деловникот да се изгласа и сметаат дека е неопходен, опозицијата дека е противуставен и дека 62 пратеници не се доволни за функционално Собрание.

– Деловникот се носи консензуално. Гледаме еден обид да се направи нешто надвор од консензуален договор. Очигледни се реакциите на сите пратенички групи од опозицијата од една и единствена причина затоа што бројката од 62 пратеници не е доволна за функционално работење на Собранието и во нормални услови, а не во ваква ситуација. Единствена причина поради која што се брза за работа со онлајн Собрание е затоа што немаат функционален број на пратеници за да можат да работат, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Според него, Собранието има доволен број пратеници во секој момент.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески уверува дека станува збор за предлог што се однесува само на пандемијата со Ковид-19.

– Станува збор за оваа ситуација, и станува збор за пратеници кои имаат решение за изолација. Не постои друга заразна болест каде што има изолација. Значи станува збор за пратеници кои имаат исклучиво решение за изолација. Јас во претходниов цел период нон стоп, во секоја изјава повикувам да обезбедиме консензус затоа што станува збор за носење на Деловник, во смисла на тоа како што прават сите деморатски земји. Нон стоп повикуваме или нема одговор, или има смешен одговор дека е противуставно. Сега пред граѓаните треба да кажеме јасно, или сме за ова или сме за блокирано Собрание, истакна Митрески.

Претседателот на Собранието Талат Џафери поднесе предлог за дополнување на Деловникот за работа на Собранието со што би се овозможило пратеници со Ковид-19 или во самоизолација да можат да се вклучат онлајн во одлучувањето на пленарните седници и на седниците на работните тела. Предлогот, кој е по скратена постапка, е ставен на дневен ред на седницата закажана за 26 ноември, четврток. 

Џафери денеска изјави дека опозицијата навремено била запозната со идејата за предлогот за работа на далечина на пратениците во случај на Ковид-19 и самоизолација потенцирајќи дека дополнувањето на Предлогот на Деловникот на Собранието се однесува на пратеници кои ќе имаат решение од соодветна институција и доколку состојбата им дозволува да се вклучат онлајн, односно ако се асимптоматски случаи или со лесни симптоми на домашно лекување.

– Повикот до пратениците од опозицијата е да останат вклучени во работата на Собранието. Навреме се соопштени сите идеи. Три месеци зборуваме за тоа. Собранието нема целосно да работи онлајн. Тоа не е идејата, изјави Џафери за МИА

Според него, за да се понуди соодветен одговор за функционално Собрание, треба да се има политичка волја.

За најавите на опозициските пратеници дека нема да учествуваат во работата на кординациите и на некои седници, Џафери истакнува дека Собранието мора да биде функционално, она за што сите се залагале во своите кампањи. Нагласува исто така дека ова е специфична ситуација на пандемија која не треба да се користи во други цели.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ