• Latest

Парламентот изгласа легализирање на истополови бракови

June 30, 2017
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Парламентот изгласа легализирање на истополови бракови

June 30, 2017 11:30
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако германскиот парламент ја изгласа одлуката за легализирање на истополови бракови со 393 гласа „за“ и 226 гласа „против“, иако беше против истополови бракови, и Меркел ја поздрави одлуката! 

Германската канцеларка Ангела Меркел се спротистави на ваквиот потег, и била забележана како во кутијата за гласање ја внесува „црвената карта“ која значи глас против легализацијата на истополовите бракови.

„За мене, бракот во германскиот закон е брак меѓу маж и жена и затоа не гласав за овој закон денес“, изјави според „Индепендент“, канцеларката Меркел, по вжештената дебата во Бундестагот. Неколку денови претходно, таа изјави дека пратениците во нејзиниот блок, предводен од Христијанско-демократска партија треба да гласаат според својата совест, а не според партиски став. „Се надевам дека денешното гласање не само што ја промовира почитта меѓу различните мислења, туку исто така, носи и поголема социјална кохезија и мир”, додаде канцеларката. Таа истакна дека го поддржува усвојувањето на законот за целосни права за посвојување, за двојки од ист пол.

Волкер Бек, политичар на Зелената партија кој се залагаше за законската регулатива, ги повика конзервативците да го поддржат проширувањето на правото на брак, велејќи дека институцијата е „безбедна, но дискриминацијата против геј-мажите и лезбијките е завршена”.

Катрин Геринг-Екарт, претседател на Зелената партија, ја поздрави „историјата што се создава”, велејќи дека не ги разбира ЦДУ/ЦСУ што ја ограничува „конзервативната” институција за брак.

Веднаш по објавувањето на резултатите, „зелените“ прославувале со конфети со боја на виножито и со торта.

Политички аналитичари истакнаа дека и покрај осудата од критичарите поради тоа што не гласала „за“, Меркел била многу внимателна по ова прашање. Додека им се додворуваше на десничарските гласачи на лично ниво, таа на крајот, дозволи гласањето да се случи со ослободување на СПД од нивната обврска како коалициски партнер да не го стави Предлог-законот кога повика на „гласање на совеста”.

Германија им дозволи на паровите од ист пол да влезат во партнерство од 2001 година, но истополовите бракови во тоа време, сè уште беа незаконски.

Холандија беше првата европска земја која го легализираше истополовиот брак уште во 2001 година, по што следеа: Белгија, Шпанија, Канада, Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд, Данска, Франција и Велика Британија.

 

Tags: ГерманијаЗелена партијаистополови браковиМеркелпарламентСПДЦДУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ