• Latest

Партиите согласни за двојни избори во мај, техничката Влада останува

November 29, 2023

„Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC news Australia

Десетици баратели на помош меѓу 82-те лица убиени во израелските напади врз Газа вчера; На децата им се заканува смрт од жед

June 21, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Партиите согласни за двојни избори во мај, техничката Влада останува

November 29, 2023 08:50
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Средбата за усогласувањето на датумот за одржување на претседателските и парламентарните изборите во рамки на уставните и законски рокови, функционирањето на техничката влада пред изборниот процес, но и можноста за заеднички кандидат за претседател и заеднички листи за пратеници, остануваат во фокусот на политичката дебата.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера потврди дека на лидерската средба во Собранието ќе се разговара за датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори што треба да се одржат следната година. Средбата ќе биде во формат како што беше и минатата лидерска средба на парламентарните партии. Ковачевски не кажа кога ќе се случи средбата, но се очекува таа да биде од следната недела.

Ковачевски повтори дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат во редовен термин.

– Затоа кажав дека мај нуди можност за одржување и на претседателски и на парламентарни избори. Тоа го потвдрија и низа други претседатели на партии и претседателот на Собранието, кој се грижи за роковите и затоа кога ќе заврши таа средба согласно со ставовите на сите политички партии, затоа што таа одлука се носи со широк политички консензус таа одлука ќе може да биде и соопштена, рече вчера Ковачевски на новинарско прашање по презентацијата на новите антикризни мерки.

Според него, нема расположение кај сите политички партии за укинување на техничката влада со оглед на краткиот рок до изборите.

-Според она што СДСМ и ДУИ го имаат како коалициски договор од 2020 година, што е потврден со формирањето на Владата, премиер треба да биде од редовите на албанската етничка заедница што исто така согласно е со нашиот Устав и нашите закони, кои ќе бидат кадровските решенија тоа е сега прерано да се зборува, рече Ковачевски.

Одговарајќи на прашање дали технички премиер би можел да биде Фатмир Битиќи, Ковачевски рече дека тој има исклучително високо мислење за него, но оти сепак, се работи за коалициски договор.

Премиерот ја коментираше и можноста за заеднички кандидат за претседател и заеднички листи за пратеници. Се потврдило, како што вели, дека во нашата земја има партии што се залагаат за влез во ЕУ и за интеграција на државата во НАТО и на другата страна, како што кажа, „сега веќе и официјално имаме друг блок на политички партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се против зачленувањето на земјата во Европската унија и против НАТО“.

-Лидерите на двете политички партии јавно кажаа дека немаат против заедничко коалицирање. Граѓаните ќе имаат многу лесен избор за проевропски блок и за европска иднина на државата или ќе бидат за некое алтернативно решение кое не е ниту понудено, рече Ковачевски.

Верува дека политичките партии ќе се водат од истите принципи. -Како ќе изгледаат листите тоа на крај зависи од одлуките на политичките партии меѓутоа СДСМ ќе има широка коалиција која се покажала дека може да ги води успешно процесите и на во државата и на меѓународен план, изјави премиерот.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакнувањето на заеднички претседателски кандидат на „проевропскиот фронт“ би претставувало дополнителна вредност за самата држава и за нејзиниот напредокот, затоа што, како што посочи, е многу важно кој концепт ќе ја предводи земјата во наредниот период.

– Дали тој проевропски фронт, којшто има јасна визија, којшто знае каде треба да се движи Република Северна Македонија и која е нашата цел, бидејќи навистина нема алтернатива на европскиот пат. Ако имаше до сега, ќе се соопштеше некаква нова алтернатива. И имаме една опозициска партија, која што практично е осамена во напорите, бидејќи нема јасна визија во целиот овој процес, рече Спасовски во интервју за МИА.

Според него, вреди да се разговара на сите овие теми и да се отвори што е можно поголем фронт, којшто би поддржал проевропска идеја.

-Нормално тука се разговара за кандидатот за претседател и за настапот на парламентарните избори. Значи има опции, тие опции треба да се анализираат, да се разгледаат и тоа што е најдобро пред се за државата, да биде и на изборите, рече Спасовски, оценувајќи дека е многу важно да се утврди кандидат за претседател на држвата кој, пред се, ги споделува вредностите на мнозинството граѓани кои се за членство во ЕУ.

Во однос на можноста тој да биде претседателски кандидат, Спасовски потенцира дека процесот на кандидирање воопшто не е ни започнат и оти во овој момент тој воопшто не размислува во тој правец.

Во врска со можниот датум за претседателските и парламентарните избори, и Спасовски посочува дека има законски рокови за нивно одржување, а пред тоа се преговара меѓу политичките субјекти за внесување на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР на Изборниот законик, со цел да се отстранат сите слаботи и изборниот процес да протече на еден фер и демократски начин.

-Важно е да имаме фер, демократски избори, коишто ќе овозможат граѓаните да донесат одлука за тоа каде ја гледаат Република Северна Макединија во наредниот период, рече Спасовски.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека до овој момент нема никаква официјална потврда за датумот за избори, ниту пак има каква било потврда дали изборите би биле единечни или раздвоени.

-Не би рекол дека во рамките на Парламентот има какви било разговори. Разговорите, како што гледаме, и самиот Ковачевски, но и Владата ги прави преку медиумите. Таму слушнавме дека изборите би биле редовни во мај, таму слушнавме дека изборите би биле заеднички. Но како и да е, важно е на крајот да постигнеме каков било договор кој што ќе не води кон предвидливо сценарио, а нема да не втурне во каква било уставна или политичка криза, рече Мицкоски.

Како ВМРО-ДПМНЕ, вели тој, не можеме да си дозволиме раздвоени избори од многу причини, а споени или заеднички избори се решение.

-Добро е да се земе почетокот на мај како потенцијален оквир за постигнување решение. Гледам дека тука, односно слушам преку медиумите, дека отприлика тука конвергира ставот и на Владата. Ако има било каква лидерска средба, …со ова решение, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да го прифатиме, рече Мицкоски во интервју за „Гласот на Америка“.

Што се однесува до потенцијален коалициски партнер, Мицкоски рече дека многу пати кажал дека треба да се даде шанса на албанската опозиција да води ресори, да имаат одговорност во државата и да се види со каков капацитет располага.

-А ценам дека би било здраво и добро и корисно за ДУИ да помине одреден период во опозиција, да може да ги пронајде своите програмски начела. Бидејќи гледате, од партија која што беше, би рекол самонаречена зелена опција, таа се претвори во партија која што изобилува со најголем број новопечени милионери, па заврши денеска со повторно некаква националистичка национално-романтична, романтистичка реторика. Така што, ценам дека за да се пронајдат себе си и кадровски и програмски и структурно, добро е да поминат најмалку еден мандат во опозиција, истакна Мицкоски.

Мицкоски го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека е за укинување на техничката влада, бидејќи смета дека со неа не добива државата, туку губи.

Лидерите на албанскиот опозициски блок Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами синоќа во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија.

Во понеделникот претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека доколку 8 мај е прифатлив за одржување на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори, тогаш изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28 јануари.

Ако изборите се на 8 мај и согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, конститутивната седница на Собранието би се одржала 20 дена по изборите односно до 28 мај, а новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориполитички партиитехничка влада
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ