• Latest

ПАРТИСКА КОПИЈА НА ФАТАЛНИОТ ИЗОЛАЦИОНИЗАМ: Импозантен чекор назад кон груевизмот

January 28, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025

(РЕПРИНТ) 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

May 8, 2025
Војо Маневски

Помина една година, реформи нема, а ние чекаме

May 8, 2025

ЕП го усвои извештајот за Србија: Замерки за владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупција, (не)усогласување со надворешните политики на ЕУ

May 8, 2025

На парламентарните избори во Албанија на 11 мај се натпреваруваат 2046 кандидати, за прв пат гласа и дијаспората

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ПАРТИСКА КОПИЈА НА ФАТАЛНИОТ ИЗОЛАЦИОНИЗАМ: Импозантен чекор назад кон груевизмот

Овој јануари даде две катети на вмровската политика – промашената посета на Вашингтон и снимките од перчењето на ослободениот милијардер Мијалков во најскапиот град на континентот – Монако. Хипотенузата лесно можете да ја замислите и опишете: ете тоа е „бенефитот“ од 14-те години на владеење на една коруптивна партија, чија цел е годинава една – победа на локалните избори, каде лежат нови мајдани на личното и групно богатење

January 28, 2025 12:42
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Деновиве на Фејсбук прочитав едно јасно прашање од еден наш колега – можеше ли нашиот најбогат поединец во историјата на нацијата да биде сликан како вози екстремно скапа лимузина во Монако, потоа оди на деловна средба со познати ликови ако тоа самиот не го посакал?

Мора да има некаков видео сведок ала Мишко Иванов за да сведочи дека тој е жив, здрав, слободен и дека има бизнис состанок со двајца пајташи како дел од продолжување на деловниот живот и тоа среде најскапиот град за живеење во Европа.

Нашиот заклучок е дека тој едноставно сакал на јавноста да ѝ покаже дека никој ништо не му може, дека сме мивка од држава и дека може да напишеме десетици кривични тужби за него, ама дека тој слободно се перчи во престолнината на сомнителното богатство. Нешто како потреба да инсценира кадри во кои на свој начин ни покажува среден прст, како што неговиот собрат по начинот на живот, српскиот министер за финансии Синиша Мали, им го покажува тој фалусен симбол деновиве на случајните посетители по белградските кафеани, што инаку му свиркаат. И едниот и другиот гореспоменати ги нема во ранг листата на неделникот „Магазин“ објавена деновиве, каде се сместени најбогатите балканци за минатата година, но јасно е дека тие персони, надвор од топ листата го имаат зад себе комплетниот чадор на земната и подземната рес-публика. Јасно, тоа не пречи на нивните, слободно може да се рече партиски собраќа, да говорат секој час во денот за корупцијата која ќе ја искоренат.

Десет дена во САД, а што да се снима?

Новинарите од земјава кои заминаа со трите сепарирани наши делегации во Вашингтон, по повод инаугурацијата на новиот американски претседател, имаа вистински проблем – како да најдат смисла за таа скапа екскурзија преку некаков објект за нивните камери, особено за нешто што траеше дури десет дена.

Таков временски период, кој на обичниот граѓанин му трае колку годишниот одмор на блиска и евтина дестинација е навистина предизвик за секој известувач. Да можеа, ќе се претвореа во сликари од 60-тите, оние екстремните кои изложуваа во галериите празни, „голи платна“ со објаснување дека публиката треба да си замислува призори кои си ги посакува во мигот. Отприлика така и известувачите од македонските медиуми се согласија да бидат неми сведоци за празна посета во која беа вклучени трите сепарирани делегации.

Да појасниме – најпрвин отиде владината (без коалиционите партнери, ама сепак бројна!), потоа отидоа колку што видов тројца претставници од коалицијата ВЛЕН, а на крајот во соло издание министерот Таравари, кој не беше дел ниту од владината екипа, ниту онаа на коалиционите партнери од албанскиот блок, ама сметал дека за неговиот углед кај гласачите е добро да биде онаму „каде се собрани најугледните луѓе од цел свет“, како што напиша!

Ако немаше материјал за некаков пристоен дневен новинарски извештај од Вашингтон, некои колеги од кај нас се обидоа да бараат алиби за тоа астрономско промашување: од владиното тло во земјата-домаќин не се гледаше ниту сенката на РСМ и нашиот владин сателитски напор да бидат согледани. Аргументот на таа адвокатура беше најплиток можен – и на другите официјални делегации од земјава што оделе преку Океанот тоа им се случувало!? Да бидат демек невидливи!?

НЕМА СЛУЧАЈНИ СРЕДБИ Заев со сопругата и претседателот Трамп со сопругата – колку такви фотографии можат да покажат политичарите?

Ако лаже текстот, не лажат фотографиите

Се обидувам да се присетам на некои од оние посети што луѓе од естаблишментот на Македонија ја имале во Америка. Па и не морале да отидат секогаш до таму, ама имале влијание. На ум ми доаѓа најпрвин писмото што Доналд Трамп му го напиша до премиерот Зоран Заев.

„Претседателот на САД Доналд Трамп денеска испрати писмо до премиерот Зоран Заев во кое тој, во име на американскиот народ, му честита за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство“, се наведува во писмото на претседателот на САД до Заев на 20 февруари 2019 година.

Па продолжува: „преку Вашите напори со премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија. Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина”, пишува Трамп во писмото.

На 26 септември 2019 година Заев се сретна со претседателот Трамп и имаа фотографии со своите сопруги, нешто што малку кој политичар од регионот – ако веќе ја користиме таа илустрација – не би можеле да ја покажат. Се сеќавам дека, на пример, Александар Вучиќ имаше влезено во Овалниот кабинет, ама седеше на троножец (!) и потпиша сè што му се даде пред претходно потписникот да го прочита документот во врска со косовско-српскиот спор!

Во дебатите што деновиве се отворија по медиумите кај нас јасно се исцрта промашувањето на екскурзијата за која говориме – нема доказ дека поканата за Мицковски за тоа патување е од претседателот Трамп, како што е јасно дека во од се преврте изговорот за посетата, па се споменуваа средби со бизнисмени. За какви и да се работи бизнисмени,  тие средби мора да бидат во официјални простории, а не во ходници или некакви антреа, да имаат однапред подготвени теми и да има заеднички соопштенија за исходот од средбите. Настрана што било какви разговори за бизнисот во време на најкрупните промени што САД ги носат во трговските односи не се реални, па ниту еден бизнисмен не би можел да гарантира дека со воведување на такси за инвестициите надвор од САД што ги најави Трамп на инвеститорот ќе му се исплатува влогот во земјава, па дури и да се работи за луѓе од дијаспората!

Не видовме и покрај толку камери во САД од земјава некој сериозен претставник на деловниот и политички бизнисмен да даде изјава и да каже нешто конкретно! Ќе се лажеме ли!? А што бараа другите од делегацијата, да речеме министерот за надворешни таму?

ПОД УСТАВНО ИМЕ Буш Јуниор нè призна под уставното име, а тогашниот претседател Трајковски можеше да му се јави во секое време

Патем, да споменеме дека врвот на македонско-американските односи се случи во времето кога премиер беше Бранко Црвенковски, а претседател Борис Трајковски. Вториот имаше толку тесни врски со претседателот Џорџ Буш Јуниор што бил еден од ретките луѓе надвор од САД кој можел лично да му телефонира на жителот на Белата куќа, човекот кој ја патем ја призна земјава под нејзиното тогашно уставно име. Таа близина со најмоќниот човек на светот дури и беше предмет на многу теории за заговор против земјава преку наводно инсценирање на рушење на авионот на нашиот претседател и неговата ненадејна смрт заради лошата контрола на воздушниот простор во Мостар, со која тогаш раководеше француски воен тим, кој навистина веднаш побегна од БиХ. Тие теории не се замрени засекогаш, ама затоа пак ја фрлаат во бездната на заборават било чија посета на било кој претставник на вмровскиот естаблишмент на Америка и тоа по било кој повод, а се прикажала како значајна или уште помалку како позначајна од претходните. (Како иницијатор на потпишувањето на Охридскиот договор, Трајковски беше патем многу омразен во партијата која го донесе на тоа врвно место, да додадеме, за да нема забуна).

Сликање за приватни албуми

Добро, фотографиите од вашингтонските улици, ходници и небитни канцеларии што ги задоволуваат критериумите само за семејните албуми, сепак ќе избледат, а што ќе остане надвор од нив за овие јануарски посети? Колку за македонската делегација беше однапред јасно дека состаноците со познати „печалбари“ од дијаспората, кои и онака често доаѓале тука, може да донесе само разговори за „идентитетот“? За луѓето како Крис или Џери тоа прашање на самите нив им е најмалку јасно, освен ако, како во некоја од епизодите на хумористичната К-15, само кучето го крстат како Гоце!

И ТОА СЕ БРОИ Мицковски пали свеќа во црква во Њу Џерси и веројатно моли во неговата земја овие денови од посетата да се заборават

Но излезе дека од тој дијалог со дијаспората, своевиден ќорсокак за една скапа турнеја, сепак се донел скеч на хартија што сега се користи секој ден во многу прилики и во официјални соопштенија, а кој треба да го реотвори пликот со темата за „македонското прашање“! Истото она кое најлесно во историјата можеше истовремено да се отвори и затвори во еден секунд со просто подигнување на двата прста за промена на Уставот: темата ќе е затворена и завршена на единствено продуктивен начин, со влезот во ЕУ, што ВМРО-ДПМНЕ како отпор го има конзервирано за вјеки вјеков: Вирго интакта во контакт со „ороспијата Европа“.

Што е резултатот, значи, од посетата на владината делегација?

Па можноста одново да се проблематизира Преспанскиот договор, да се тврди дека Бугарија има внатрешен проблем и не е во ситуација да се разговара со неа, иако таа објективно и суштински со својата реторика одамна е фрлена во изолација од страна на бриселската посада на реморкерот задолжен за конверзацијата.

Од некаде пристигнува некаков абер за собирање на сто илјади потписи за враќање на старото име, а Светското првенство во ракомет беше искористено и за враќање на старото знаме и тоа од лица кои не може да го тргнат печатот на официјалност, како и трагите на знамето од Вергина и во официјалните фотки (спомени) од спортските настани, што како и други детали од званичните активности овој месец ни донесоа демарш од страна на Атина.

Главоболката на овој наш народ, хронична како мигрена за некој закоравен ерген, е што „најнародната партија“ ја интересираат само избори, како можност да ги користи сите можни ресурси на земјава и да ги заштитува своите оперативци и вшумукувачи на богатството. Она де, кое нè носи во Монако како крајна дестинација, што укажува дека, што и да се случи во државата, оние што се дел од партиската машинерија на ДПМНЕ можат да прават што сакаат и никој ништо не им може, па подобро е да бидеш во нивните редови отколку да се спротивставуваш.

Доаѓаат локални избори, а гледано од страна, ситуацијата на теренот не е со ништо погодна за Мицковски и неговата братија. Добро, се зедоа проектите на претходната влада и се сечеше лентата (сите од Коридор 8, омразениот за ВМРО-ДПМНЕ!), се потрошија заканите со кривични пријави за претходната власт (нема никаква разрешница за Онкологија, на пример, иако се јави обид во последен час преку прес конференција, ситуацијата се закани опасно по пациентите и сега, кога власта ја зеде новата екипа, се потрошија тони пропагандни техники за да се обвини еден струмички бизнисмен а сè заврши со еден одземен пасош, нешто се компликува со кредитот наменет за дел од бизнисот кој е „патриотски“, како и за општините каде резултатите се лоши па е потребна инфузија.

Значи, онаа хипотенуза од поднасловот на текстот е во моделот на спасување на ситуацијата што за обичниот граѓанин и гласач му ја мати сликата дека во најголем дел од комуните не се постигнало нешто конкретно, што може да се пипне. Впрочем, таму каде што живеат граѓаните тие имаат јасен увид каков им е животот, што се постигнало со оние ветувања што останала за „малку морген“. Посебно е тешка ситуацијата во Скопје заради судирот меѓу две групи на интереси во самата владејачка партија, а што се вели, стапот го јадат граѓаните на метрополата во секој поглед и секој ден одново.

Што прави ВМРО-ДПМНЕ во такви случаи? Посегнува по старите приказни за меѓународната заедница. За промена се тргнуваме за час од линијата Будимпешта-Белград-Пекинг со обид да се покаже дека „Американците се со нас“ (копија на обидот на Вучиќ со неколку американски функционери во време на големата криза кај него), а ЕУ, од која сме далеку како од Јупитер, ете, не беше ни поканета во Вашингтон. Се враќаат кон комитството преку разните симболи како што една печалбарска песна („Заветна“) која, замислете, станува своевидна заклетва на новите припадници на МВР и која, опасно како потег, замирисува контра одредени веќе изградени принципи во државата.

Тука е споменатото знаме од Вергина и изјави на политичари во тој контекст која ни донесе нота од Атина како дел од намерата да се вратиме во периодот пред Преспанскиот договор, во стилот, ако не можеш да направиш нов договор, сруши некој од оние што со судни маки го направиле претходните генерации политичари. А добивме и парична казна од Светската ракометна организација за погрешното знаме на нашите навивачи. За еден месец импозантен чекор назад кон груевизмот што ни донесе децениска меѓународна изолација. Може ли да донесе гласови на локалните избори? Мицковски и неговите аналитичари веројатно така мислат. А со што друго да одат на тоа електоратско изјаснување?


Специјално за ЦивилМедиа

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ