• Latest

Партиските есапи и цехот во крчмата „Млакедонија“

August 14, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Партиските есапи и цехот во крчмата „Млакедонија“

Да не ѝ беа старите пријателки Амнерика и Авлеманија, најмоќните и највлијателни угостителки, да ѝ помогнат со нешто за јадење, помош со поправка на малиот нужник во одајчето, или да ѝ го наполнат резервоарот на старото бело „Југо“, којзнае како Млакедонија ќе преживееше. „Југото“ ѝ е од времето кога беше горда членка на Управниот одбор на Здружените Југословенски Угостители. „Убави времиња, кога се знаеше редот,“ често знае да каже.

August 14, 2020 15:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО НАСТОСКИ

Еве нè на неполн месец по предвремените парламентарни избори, и се чини дека граѓаните (барем оние кои се убедени дека не им зависи многу од тоа кој е на власт), со денови зашеметени од комбинираниот удар на вестите за епидемијата и летната потреба да се одмори од животот, полузаинтересирано ги следат вестите за партиските преговори и чаршиските шпекулации околу тоа кој ќе го состави новото мнозинство и владата.

Разбирливо, во ваков амбиент, веста дека во Државниот завод за ревизија пристигнаа извештаите за партиите со нивните детални објаснувања за тоа како и за што ги трошеле парите во предизборната кампања, не предизвика премногу внимание.

„Опремен“ со сознанието дека во законите и правилата за изборно финансирање и натаму постојат извесни недоречености, или ако сакате „дупки“, т.е. пукнатини низ кои партиите, нормално, нема да пропуштат да провлечат некои пари, тргнав да ги разгледам партиските извештаи, со намера да ги споредам бројките, кои требаше да понудат материјал за некакви заклучоци.

Но, на самиот почеток, од сево ова ме разубеди првиот впечаток – партиските сметки за потрошеното на овие избори личат на цехови што сами си ги пишувале гостите во кафеана во која тие и служат и честат, и наплатуваат и самите пијат, и се пишуваат „на рецка“. Не разбирате докрај? Следете ја не_толку_прецизната низа метафори со амбиција да се здружат во аналогија, во продолжение:

***

Крчмарката Млакедонија, формалната газдарица на истоимената, некогаш евтина, но  релативно почитувана кафеана, веќе некое време е едвај подвижна и не може да работи, иако сака. Уште кога беше на нозе, нејзините синови и ќерки (демек партиите), ја прелажаа да им потпише полномошно, а потоа ја избркаа од сопствената кафеана, единственото наследство што им го остава ним и на муштериите. Таа сега едвај преживува, стуткана во сопче во подрумот, а децата го претворија нејзиниот локал во прчварница од најдолен вид. За чудо, и покрај тоа што многу муштерии ѝ избегаа во некои поблиски и подалечни, ама поугледни кафеани, „Млакедонија“ уште врти некакви пара.

Да не ѝ беа старите пријателки Амнерика и Авлеманија, најмоќните и највлијателни угостителки, да ѝ помогнат со нешто за јадење, помош со поправка на малиот нужник во одајчето, или да ѝ го наполнат резервоарот на старото бело „Југо“, којзнае како Млакедонија ќе преживееше. „Југото“ ѝ е од времето кога беше горда членка на Управниот одбор на Здружените Југословенски Угостители. „Убави времиња, кога се знаеше редот,“ често знае да каже.

Последниве години, Млакедонија колата ја вади од гаража само два-три пати годишно, кога оди кај Авлеманија за да побара прием во нејзиното елитно здружение. Таму, каде што членуваат најдобрите и најугледните кафеани и нивните уште поугледни газди и менаџери, Млакедонија го гледа единствениот спас за својата кафеана.

Арно ама, децата – кој од кој поголем мангуп и деликвент, начекаа разработено место и никако не можеа да се договорат кој да биде главниот, тој што ќе раководи со касата.

Набргу се раскараа, секој си ги собра своите муштерии и се исподелија по масите како некои кланови или банди, а дел си отворија свои шанкови во ќошињата и почнаа да продааваат свои пијачки, по свои цени. Кафеаната и пред тоа ја крадеше и кршеше, мочаше и загадуваше… кој ќе стигне. Во таа биртија сега се точи евтина ракија и свират лоши музики, а ако имате бар малку мозок, таму не јадете ништо. Најчесто не се знае ни кој пие, ни кој плаќа, а сметките во ќумезот ги водат брливите и ненаситни, непендек-деца на Млакедонија, кои секој со своите пајташи: пијат, јадат, честат, земаат и трошат пари – ама ништо не плаќаат, па есапот не излегува и кафеаната пропаѓа.

Строгата, наизглед надмена и пресметлива, но сепак добронамерна Авлеманија, продолжува да ја избегнува Млакедонија и не ја сака во своето друштво, не додека ресторанот ѝ е во ваква состојба. На старата пријателка постојано ѝ укажува дека мора да си ги вразуми децата, да најде чаре и да ги натера да работат како што е ред, да ги разбрка сомнителните типови и муштериите-неплаќачи и да го реновира ресторанот. Млакедонија ги знае сите овие работи, ама си ги знае и децата, а тие се сега главни во крчмата.

***

Ако и покрај овие драматуршки бравури, поминувајќи преку бројните недоследности во аналогијата што требаше да произлезе од приказната, сте збунети и сè уште не ви е докрај јасно како е ова поврзано со партиите и нивните извештаи за финансирањето на овие избори, тогаш отприлика знаете како се чувствува некој што ги отворил и разгледал тие извештаи.

Со секоја споредба на бројките и обрасците, трошоците и табелите на приходи и расходи, сè појасно ви станува дека не е вистински важно кој, колку и за што напишал дека потрошил пари, додека се обидувал да стигне го местото каде што се делат многу, многу поголемите пари.

На луѓето, на повеќето граѓани, по години и години „силување“ со информации и бројки и ветувања за силни милијарди, денес и онака реално не им значи многу веста дека некоја партија не пријавила неколку десетици или стотици илјади евра. Но, партиските извештаи, гледани како целина, ни покажуваат многу повеќе одошто можат бројките. Низ нивната неуредност, која може да е случајна, ама повеќе личи на смислена, сведочиме за односот на партиите кон државата и системот што самите ги имаат „родено“ и однегувано да бидат вакви.

Во обидите да се сокријат бројки, суми и пари, не е важно колкави се бројките – тие само ни го откриваат присуството и размерот на поривот да се измами, да се надигра и „хакне“ системот, да се гризне и проголта што повеќе месо од раката што те храни, пред тоа да го направи некоја друга стрвна уста.

Не ми е важно тоа што секоја партија си ги пополнила обрасците по свое убедување и избор, а дел од ставките ги оставила празни, па така ниту една од партиите нема комплетен извештај, според прописите.  Ниту тоа дека бројките на примени и потрошени пари (оние што партиите решиле да ги споделат со државата) на крајот на многу места нема да се совпаѓаат. Не сум ни претерано потресен од тоа што самите обрасци, кои ги предлага Министерството за финансии, изгледаат како да се направени во нив да се сокријат податоци, а не да се откријат.

Важно ми е да знам: како и кога некој ќе ги натера партиите да ги сменат правилата и законите, за тие да не дозволуваат какви било махинации? Ме интересира зошто истиве игри на партиите ги гледаме, помалку или повеќе, на секои избори, а за тоа досега никој не одговарал. Кој и кога ќе ги натера македонските политички партии да прифатат поцврста регулација на изборното финансирање, со високи казни, што ќе ја надгледува правосудство со доволно слобода и интегритет да ги казнува сите?
Колку ли светлосни години сме далеку од тој момент – кога локалните олигарси на политичкиот простор, односно нивните поглавари, ќе седнат во некое Пржино и ќе прифатат самите да си пукаат во сопствените остатоци на транзициска каубојштина, за земјава конечно да тргне напред?

Разбирате ли сега зошто во текстов, што требаше да биде анализа на финансиски извештаи, пари и суми, нема ниту една бројка? Го чувствувате ли сега тапиот притисок на сите апсурди на македонскиот демократски и изборен систем? Не ве обзема ли гнев и немоќ, неспоредливо посилни од сите бројки, од сите табели? Не ве боли ли болката на душата на Млакедонија, која и вечерва ќе си легне полугладна во мемливото подрумско сопче, додека над неа, со звуците на раштиманиот турбофолк-бенд, новите газди и нивните пијани муштерии го раскрчмуваат нејзиното и нивно наследство?


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ