• Latest
Јухан Партс, Европски суд на ревизори, извор: МИА

Партс: Без политичка волја, поддршката од ЕУ со мало влијание врз реформите за владеење на правото на Западен Балкан

January 10, 2022

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Партс: Без политичка волја, поддршката од ЕУ со мало влијание врз реформите за владеење на правото на Западен Балкан

January 10, 2022 17:58
in ПРАВДА
Јухан Партс, Европски суд на ревизори, извор: МИА

Јухан Партс, Европски суд на ревизори, извор: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Дејствувањето на Европската унија има мало влијание во унапредувањето на основните реформи на владеењето на правото на Западен Балкан, оценува специјалниот извештај на Европскиот суд на ревизори (ЕСР).

Според извештајот, во регионот се случуваат одредени технички и оперативни реформи, но во контекст на недоволната политичка волја и неангажираноста, поддршката на ЕУ главно е недоволна за справување со постојаните проблеми во области, како што се независноста на судството, концентрацијата на моќта,
политичкото мешање и корупцијата, велат ревизорите.

Според Јухан Партс, член на Европскиот суд на ревизори одговорен за извештајот, поддршката на ЕУ за владеењето на правото на Западен Балкан очигледно не e успешна во донесувањето целосна промена.

– Скромниот напредок постигнат во изминативе 20 години ѝ се заканува на целосната одржливост на поддршката на ЕУ што се дава во согласност со процесот на пристапување. Постојаните реформи го губат кредибилитетот ако не се остварат опипливи резултати, порача Партс.

 

За да се одговори зошто напредокот не е како посакуваниот или очекуваниот, Партс на брифингот со медиуми, посочи дека е потребно да се разбере контекстот и да се пристапи кон специјално кроени реформи за секоја земја.

– Важен елемент е прозорецот на можности. Тоа значи дека желбата за клучни реформи не трае вечно и доколку не се завршат во разумно време, тогаш почнува да се чувствува замор од реформи и реформските напори почнуваат да опаѓаат. Ова сметам дека е случајот со Западен Балкан, изјави Партс.

Реалноста, нагласи Партс, е дека сите индикатори во последните пет-шест години остануваат стабилни или назадуваат и речиси нема напредок во регионот, со исклучок на некои помали сектори во некои земји.

Одговарајќи на новинарско прашање од МИА за позицијата на нашата земја во извештајот, Партс вели дека Северна Македонија во некои индикатори покажува одреден напредок во последните пет години, но проблемот е доколку се комбинираат сите тие индикатори, кои ја даваат пошироката и пообјективна слика за владеењето на правото, тогаш земјата не може да се посочи како пример за напредок.

Теодорос Орфанос, исто така член на Европскиот суд на ревизори, посочи дека иако целта на извештајот не е да прави специфични проценки за земјите поединечно, сепак има некои позитивни развои во Северна Македонија кои се посочуваат во извештајот.

– Поспецифично ова се однесува на давањето поактивна улога на граѓанските организации во реформата на разузнавачкиот сектор и со акцискиот план 21 во борбата против корупцијата. Сепак, не може да кажеме дека има значителна разлика во напредокот на Северна Македонија во однос на останатите земји. Има кластери со напредок во сите земји, но тие се изолирани и често не успеваат да дадат конкретна промена во состојбата со владеењето на правото, изјави Орфанос.

Извештајот на ЕСР покажува дека наспроти повеќедецениската политичка поддршка и финансиска помош од ЕУ, во голем број земји на Западен Балкан опстојуваат основните проблеми, како независноста на судството, борбата против корупцијата и слободата на изразување.

– Ревизорите препорачуваат Европската комисија да го зајакне механизмот за промовирање на реформите на владеењето на правото, да ја зголеми поддршката за организациите на граѓанското општество и за изворите на независните медиуми, поблиску да го поврзува финансирањето со напредокот во однос на владеењето на правото и да го унапредува известувањето за проекти и нивното следење, препорачува извештајот на ЕСР./ МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ