Речиси сите земји од регионот, иако делумно, излегоа со официјални информации за начинот на преминувањето на граничните премини од екс премиерот Никола Груевски. Само Унгарија и Македонија сè уште не откриваат никакви информации.
Базирајќи се на официјалните и неофицијалните информации од полициски извори на соседните земји, ЦИВИЛ Медиа и Дрејт направија една проекција на рутата на патувањето на Груевски, којашто на визуелен начин може да ја проследите на прикажаните карти, како и потенцијалните гранични премини низ коишто можел да помине.
Голема е веројатноста дека во бегството на Груевски му помогнале два елементи, поседувањето на личната карта издадена од МВР на Република Македонија, којашто не му е одземена од судот, и дипломатските автомобили на унгарските амбасади на земјите од регионот. Одделот за граници и миграции на Полицијата на Република Албанија се огласи со официјална верзија во која се вели дека поранешниот премиер на Македонија од Албанија влегол во Црна Гора, но не објаснува како влегол во албанската територија. „ Државјанинот на Р. Македонија, Никола Груевски на 11.11. 2018, околу 19:11, излегол од територијата на Република Албанија од граничниот премин „Хани и Хотит“ во правец на Црна Гора, како патник во автомобилот со регистрација CD1013A, во сопственост на Амбасадата на Унгарија во Тирана„, се вели во соопштението на албанското МВР.
Според официјалното објаснување на Албанија, Груевски слободно ја преминал албанската граница на 11.11.2018, бидејќи за него не била доставена никаква потерница на граничниот премин. Меѓународната потерница од Интерпол -Скопје до Интерпол -Тирана била испратена два дена подоцна, на 13.11.2018, околу 19.35 часот.
Во официјалното соопштение на полицијата на Црна Гора, се вели дека поранешниот македонски премиер влегол во нивната држава на 11 ноември преку граничниот премин Божај, што се поклопува со информацијата на Албанија за заминувањето од таа земја. Дојче Веле на македонски јазик излезе со информации дека во полицијата на Црна Гора, од анонимен извор дознале дека Груевски влегол во црногорската територија на 11.11.2018, во 19.10 часот и дека таму го чекале двајца службеници од унгарската амбасада во Подгорица. „Со автомобил марка Волксваген Џета е однесен во Подгорица. Таму веќе го чекале заменикот на амбасадорот и едно друго лице, со коишто влегле во друг автомобил и се упатиле кон граничниот премин Добраково.
Таму пристигнале околу 22 часот. Влегле во Србија и таму го однеле Груевски кај другите унгарски дипломати, за потоа да се упатат кон Белград“, известува Дојче Веле. Според информации од полициски извори, средбата на Груевски со српските дипломати се случила во мотелот „Лукс“, на влезот на Пријепоље. И црногорската и српската граница Груевски ги преминал со неговата лична карта, бидејќи тогаш сè уште не била распишана меѓународната потерница од МВР на Македонија. Останува нејасен делот околу патувањето на Груевски од Скопје до Албанија, и од Србија до Унгарија.
Македонија -Албанија со 4 гранични премини
Република Македонија и Република Албанија имаат четири потенцијални гранични премини низ кои можел да помине Груевски. Првиот премин е Блато-Дебар, вториот Ќафасан -Струга, третиот Свети Наум – Охрид и четвртито кај Стење – Преспа. Преку овие четири гранични премини преку кои се патува за Тирана, па потоа до граничниот премин Хани и Хотит помеѓу Албанија и Црна Гора. Ниту Албанија ниту Македонија не соопштија кој граничен премин го искористил Груевски во своето бегство, доколку влегол легално ва Албанија, за што има сомнежи за законска можност. Останува другата верзија дека Груевски влегол во албанската територија преку нелегални премини.
Србија – Унгарија со 6 гранични премини
Република Србија и Унгарија имаат 6 заеднички гранични премини, но само на три можат да поминат државјани од Србија, Унгарија и на земјите членки на ЕУ.
- Бачки Брег (СРБ) – Херцегсанто (У)
- Бачки Виногради (СРБ) – Асоталом (У)
Граничниот премин е само за автомобили и државјани на Србија, Унгарија и БЕ
- Бајмок (СРБ) – Бачалмаш (У)
Граничниот премин е само за автомобили и државјани на Србија, Унгарија и БЕ
- Џала (СРБ) – Тисиазигет (У)
Граничниот премин е само за автомобили и државјани на Србија, Унгарија и БЕ
- Хоргош (СРБ) – Росзке (У)
- Келебија (СРБ) – Томпа (У)
Личната карта и нераспишаната меѓународна потерница олеснителна околност за Груевски
Поседувањето на личната карта и нераспишувањето меѓународна потерница му го олесниле бегството на поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, до Будимпешта, каде што побарал политички азил. Во текот на судскиот процес судот му го одземал личниот и дипломатскиот пасош, но не и личната карта. Во меѓувреме Македонија потпиша соработка за слободно движење на државјаните на Албанија, и на други земји од регионот. Според официјалните информации на Албанија и Црна Гора, груевски влегол во овие две земји слободно и благодарејќи на отсуството на меѓубнародната потерница. Нераспишувањето на меѓународна потерница и поседувањето лична карта создава простор за сомнеж дека Груевски, благодарејќи на неажурноста на компетентните институции, можел слободно да излезе од Македонија со лична карта, и влегол преку Црна Гора, во Србија, на истиот начин. Од 9 до 12 ноември попладне, Груевски имал доволно време да се движи слободно, бидејќи МВР не распиша никаква потерница и се чекаше Груевски самиот да се пријави во затворот на Шутка. На 12 ноември по работното време, кога Судот не можеше да го обезбеди неговото присисуство во атвор, тогаш се распиша националната потерница. Едене ден подоцна, на 13 ноември, денот кога Никола Груевски лично соопшти дека се наоѓа во Унгарија, МВР на Р. М. Распиша меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, којшто е прогласен за виновен во случајот на СЈО –„Тенк“, и е осуден на две години затвор.
Арбен Зеќири
Превод и обработка: Д. Тахири