Авион на пат кон Лондон се урна кратко по полетувањето во Ахмедабад, западна Индија, објави Би-би-си.
Ер Индија соопшти: „Летот AI171, кој сообраќаше на линијата Ахмедабад-Лондон Гетвик, беше вмешан во инцидент денес“
Во авионот имало 232 патници и 12 членови на екипажот, изјави за АП шефот на индискиот директорат за цивилно воздухопловство
Веб-страницата за следење Flightradar24 вели дека го примила последниот сигнал од авионот на 625 стапки (190 метри) „само неколку секунди по полетувањето“
Се чини дека се урна во станбена област во Ахмедабад, јавува дописникот од Јужна Азија.
Портпаролот на меѓународниот аеродром Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад вели дека аеродромот во моментов не е оперативен. Сите летови се суспендирани до понатамошно известување.
Д. Мишев