Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, за ЦИВИЛ Медиа потврди дека во скопската кафеана „Чардак“ инспекторите од Државен пазарен инспекторат биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во кафеана, и против газдата е поднесена пријава според член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Пауновски нагласи дека полицијата интервенираше по 45 минути, откако инспекторите беа спречени да направат увид во внатрешниот дел каде што имаше гости, спротивно на мерките и препораките да има гости само во терасите на рестораните и кафулињата.
Тој не сакаше да даде информации за гостите кои беа во кафеаната, но неофицијално дознаваме дека внатре бил лидерот на една политичка партија!
Д. Муратов