• Latest

Павле Богоевски: Од Фејсбук на улица!

June 2, 2016
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Павле Богоевски: Од Фејсбук на улица!

June 2, 2016 12:32
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Откако Чавков повторно се врати на функцијата – министер за внатрешни работи, полицијата отворено е непријателски настроена кон Шарената револуција. Значи, противправно ни го ограничува местото до каде можеме, а каде не можеме да се движиме. Многу е поголема репресијата од аспект на легитимирање луѓе по протест, нивно повикување во станица… Имаме конкретни апсења со закани за кривично дело… Паралелно секој од нас, кој е поистакнат, има лични закани, преку социјалните мрежи, телефонски… Но, тоа не не обесхрабрува, ни малку!“, категоричен е во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, Павле Богоевски, еден од најистакнатите активисти на Шарената револуција.

Дали по 51 ден протести може да направите едно резиме за притисоците или можеби имате и закани, со кои се соочувате во овој период на траењето на Шарената револуција во Македонија?

Притисоците ги има откако почнавме досега, константно, еволуираат, се менуваат и стануваат сé порадикални. Кога почнаа овие протести, на 12-ти април, нели беа насилни, и диктатурата на власт е секогаш подготвена да одговори на таков на тип на активност. Така, притисоците тие два дена беа со примена на полициска сила на протестите, а потоа, со кривично-правни прекршочни последици за луѓето, кои што учествуваа во притисоците. Откако почна ненасилниот дел на Шарената револуција, мавањето со балони и сé што следеше натаму, тие не можеа да продолжат со истите притисоци, но тоа не значи дека прекинаа. Први на удар се најдоа приватните стопанственици, сопствениците на хотелите, рестораните, локалите, кафеаните, кај кои се собираат луѓе пред да дојдат на протести или каде што отворено се поддржува Шарената револуција.

https://www.youtube.com/watch?v=Cya1rLAkyUA

Еден период тие беа буквално подложени на непрекинати инспекциски контроли, огромни казни се изречени, казни за глупости, за работи кои што биле толерирани со години, за подоцна притисокот да се префрли врз невладиниот сектор. Сведоци сме на прогонот од страна на Нетпрес, Курир, Република…, коишто со протиправно стекнати лични податоци за припадниците на невладиниот сектор, ги изложуваат на тапет, ширејќи дезинформации, лаги и клевети…На крај, кога видоа дека и тоа не успеа, кога видоа дека сме сплотени едни со други, тргнаа со порадикални форми на притисоци. Прво е однесувањето на полицијата. Откако Чавков повторно се врати на функцијата – министер за внатрешни работи, полицијата отворено е непријателски настроена кон нас, значи, противправно ни го ограничува местото до каде можеме, а каде не можеме да се движиме. Многу е поголема репресијата од аспект на легитимирање луѓе по протест, нивно повикување во станица. Исто така, противправно, бидејќи за прекршок без елементи на насилство, не можете да повикате некого во станица, за тоа се издава платен налог и потоа, тече постапка. За на крај, да имаме конкретни апсења со закани од кривично дело, како што беше пред некој ден, кога возачот на комбито и комбито на Шарената револуција беа пресретнати и возачот беше приведен. И сето тоа кулминираше со палење на возилата на двајца поддржувачи на Шарената револуција, приватни стопанственици на локал во Дебар Маало.

Паралелно, секој од нас кој е поистакнат, има лични закани преку социјалните мрежи, телефонски…Но, тоа не не обесхрабрува, ни малку!

Колку вие, движењето „Протестирам“ успевате да ги одржите овие протести да поминат мирно, без инциденти, без конфликти? Колку е тешка вашата задача?

Изненадувачки, не е тешка, затоа што не е така, како што ја опишавте. Значи, нема што „Протестирам“ или Шарената револуција да смирува, да држи под контрола како што рековте, секој од нас го изразува правото на протест. Ние рековме дека Шарена револуција, дека овие протести се немирни, но не насилни. Автоматски, секој што ќе посегне по насилство,тој не е дел од Шарената револуција. А, сите што доаѓаат сега – засега, не знам уште колку време ќе може да се издржи, бидејќи политичките „мајмунлаци“, провокации и деструктивни потези на Владата продолжуваат. Сега – засега, секој од нас е сплотен зад тој принцип на ненасилност, така што, во реалноста, на терен немаме голем проблем да одржуваме мирен протест.

Има ли граѓани со повеќе адреналин, коишто би сакале да го манифестираат своето незадоволство на друг начин, да се влезе во Собранието или во некои други институции?

Се разбира дека има, не само сега, туку уште од почетокот. Меѓутоа, таков чекор не е нешто што Шарена револуција, „Протестирам“ или кој било друг, во моментов, може да си го земе на грб, да го организира.

Прво, како што реков, Шарената револуција е ненасилен протест, така што, какво било влегување, како што прашавте, во таков тип на институции – не би било добро прифатено од Шарената револуција.

Второ, јас никогаш не би се осмелил ни да учествувам во одлучување за такво нешто. Меѓутоа, кој и да одлучи, треба да биде свесен дека илјадници животи ќе носи на грб. Забораваме ли со кого имаме работа?!?

13349041_10209602827287673_1144086089_n
Павле Богоевски, Шарена револуција

Денеска Шарената револуција блокираше неколку раскрсници: кај Соборниот храм, кај Судска палатата и кај Црвениот крст. Дали се планираат други форми на активност, што би значеле прекин на досегашните протести што секоја вечер се одржуваат во Скопје?

Не, едното не го исклучува другото. Сигурни сме дека до крајот на оваа недела, продолжуваме секој ден. Потоа ќе зависи од временските услови, од политичките околности. Но, паралелно со тоа имаме една дневна или ноќна акција, таквиот тип активности ќе продолжат да се шири. Значи, формите на револт и организирано и артикулирано изразување на граѓанскиот револт ќе продолжат да се шират се повеќе, бидејќи додека нема правда, нема да им дадеме мир, нели?!

Дали планирате дислоцирање на активностите на Шарената револуција од Скопје во внатрешноста?

Шарената револуција не е само во Скопје, туку низ цела Македонија. Ние секојдневно, протестираме најмалку во 5 до 6 градови, а сме имале протести и во 18 -19 градови во Македонија. Нема потреба ништо да им извезуваме од Скопје, тоа е убавото, зашто е толку изворно, потекнува од граѓаните во тие градови, така што нема потреба од извезување идеи, ширење памет, луѓето се организираат и го прават тоа што го прават, и тоа е прекрасно.

Имате постојано поддржувачи и постојани приврзаници, активисти, граѓани кои не се согласуваат со овој систем. Што им порачувате на оние кои се ваши Фејсбук поддржувачи, а кои се пасивни следбеници на Шарената револуција?

Секоја форма на поддршка е добредојдена, Фејсбук или поддршката по социјалните мрежи има огромна улога во ширење на идејата за Шарена револуција. Меѓутоа, конкретната порака е дека е крајно време да се направи барем за 2 саати log out и да дојдеме на улица. Секој човек е потребен, ова не може да оди до бескрај и мораме да бидеме, многу посилни и погласни на улица, за да го добиеме тоа што сакаме да го добиме.

Ќе го добиете ли?

Верувам дека ќе го добиеме!

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијаПавле БогоевскиПротестиЦивилшарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ