• Latest

Пеколот на слободата

January 2, 2019
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пеколот на слободата

January 2, 2019 12:49
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека за малкумина и притворот е рај, за многумина и слободата е пекол. Скромни или сосема празни трпези, студени домови, осаменост и неизвесност во срцата на сиромашните беа на нивното мени за „најлудата“ ноќ. Оние што останаа во притворите и затворите, „обичните“ смртници, чии „злосторства“ вклучуваат и кражби на храна, ја дочекаа Нова Година во вообичаено нечовечните услови на македонскиот затворски систем. Некои се фалат дека барем затворскиот персонал го сменил табиетот, па ајде, да го прифатиме барем тоа, за првиот параграф од овој новогодишен „рафал“ да не биде целосно мрачен.

Џабир Дерала

Оние што „уживаат“ во слободата (со и без наводници), оковани се со прангите на тешкиот живот, недостижните надежи и неисполнетите ветувања (што му доаѓа некако исто). Тешка година оставивме, уште потешка нѐ чека. Само да се набројат настаните зад нас, ќе ни предизвика вртоглавица и неверица… „Зарем сево ова го прегрмевме?“ – ќе си кажеме.

Историјата никако да застане и да земе здив. Никако да заживееме еден обичен, секојдневен, здодевен, неисториски живот.

Безброј пати си повторивме, колку за утеха… Македонија надмина децениски спор и ги (под)отвори тешките порти на Европа, откако тие беа запечатени цела една деценија пред тоа. И, толку од утехата… Прегрмевме и еден историски референдум што го избербатија радикали и екстремни националисти, водени од криминалците дома и од подмолната руска канџа ставена на Балканот.

Во власта се напика и шуто и рогато, и расипано и тапоглаво, само тоа пусто парламентарно мнозинство да се постигне, а како скапана вишна на врвот на грдиот колач, ги видовме и сите останати пазарења, тендери, рокади, амнестии… Ја доживеавме сета „флексибилност“ и комплексност на политиката, налик на трговијата со секс, секогаш на работ од тоа што просечниот човек го подразбира под морал…

Очите печат од силните контрасти меѓу политиката и владеењето на правото, меѓу пазарењето и демократијата, меѓу рѓосаниот систем и човековите права. Затоа, пред нас сега се исправени сите претходни и сите нови неволји. Јака им душа на тие што ќе се нафатат да го средуваат овој хаос од држава и ова распарталено општество, замастено од секретите на партиските војски и безбројните, испреплетени, интереси.

Ќе се изнагледаме чуда во годината пред нас. Полусвет од најдолен вид, манијакални клерофашисти со меур од смрдлива каша меѓу ушите, собрани по кафеанските квази-патриотски дувла, со “интелектуален” развој застанат некаде на средината од железното доба, веќе пишуваат милитантни прогласи што смрдат на лоша ракија. За тоа време, нивните инспиратори и спонзори седат во своите фотелји во системот, во партиски палати и луксузни хотели. Амнестирани во име на интеграциите и помирувањето, коваат заговори и го кочат тркалото што се обидува да се придвижи напред. Плус, силен зачин од супер корумпирани и ненаситни незнајковци од партијата на власт. И тоа ни оддалеку не е крај… Тука е белокосиот селски итрец, чија дијагноза од швајцарските санаториуми не му пречи да се натпреварува со Ѕинго по годините поминати во коалиции од сите бои. Тука се и сите останати политички камелеони без трошка морал кои, во макар малку понормална демократија, немаше да освојат гласови ни за секретари во куќен совет…

Уставни измени, НАТО, датум за преговори со ЕУ се сигурните чипови на зелената чоја од бескрајната македонска партија покер. Но, на масата седат играчи што кријат повеќе карти во ракавите, отколку што држат во рацете. Со играчи чии главни адути се лагите, лакомоста, омразата и национализмот, треба да се оди кон Европа, како со тешки тегови на нозете на тукушто проодено дете…

И да е само тоа, арно ќе биде. Корупцијата е вгнездена во секоја пора од системот и од животот, сиромаштијата е огромна, а иселеничкото цунами не стивнува. Ако борбата против корупцијата започне на зелените пазари, таа само ќе се зацврсти во институциите. Безбедноста не завршува со новите униформи на полицијата и војската (иако беше редно некој конечно и тоа да го направи), туку со решително и стручно справување со глобалните и домашните опасности. Повисокиот стандард не завршува со неколку добри социјални мерки (добредојдени, секако) и нешто малку даночни реформи, туку само започнува таму. Имаме институции чии кабадаии дивеат низ секојдневието на луѓето, било да се на шалтери или носат некаков беџ, капа, униформа или тога. Тоа ни оддалеку не е добар почеток, туку може да биде само грд крај на една убава, недовршена приказна.

Бриселското мастило е бледо, лесно се брише, а уште полесно се брише балканската креда со која се црта на квазиисториските полигони. Денови на валкани политички игри се ближат, претседателски, а потоа и неизвесни европарламентарни избори, а кој знае, можеби и предвремени парламентарни избори. Системот ќе се шокира повеќе пати оваа година, а со него и сите ние, обичните смртници, што го храниме тој систем со нашата работа, даноците и (хм) казните… Вреди да се биде попретпазлив со очекувањата и ветувањата, како со нашите сопствени, така и со туѓите. Илузиите се храна за наивните, до моментот кога празниот стомак го вклучува алармот. А тогаш на сцена стапуваат оние што во својата политичка торба носат само нови заблуди и насилничко лудило. Да се изразиме во духот на еден современ-антички филозоф и узурпатор: како и да се свртиш, 2019-та е пред нас…

 

 


Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share84Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ