Претседателот Стево Пендаровски смета дека настаните во „Диво Насеље“ се договорени, а самиот судски процес не ги опфаќа клучните чинители во подготовката на она што се случи на 9 мај 2015 година.
Како што објасни Пендаровски во емисијата „360 степени“ на Аласт -М, во судските процеси се зафатени луѓе што биле на теренот и директно ја загрозиле безбедноста во Куманово, но не и оние што издале наредба за истите.
Пендаровски ги повика институциите да побараат меѓународна правна помош и инсиситираше на меѓународна истрага, за која не е јасно зошто до сега не е побарана.
„Тоа не е прашање за мене да го одговорам. Меѓутоа, и мене ме интересираше, затоа што, тврдам дека ова е случај со меѓународен аспект. Три држави се инволвирани, би било добро да се одработи со заедничка меѓународна акција. Јас апелирам до надлежните органи, да побараат помош“ изјави Пендаровски во „360 степени“.