Кандидатот за претседател на државата поддржан од политичките партии на сите заедници во земјата, Стево Пендаровски, го посети седиштето на ДУИ каде што денеска се одржа централно собрание токму за утврдување на неговата кандидатура.
„Дојдов да ја објавам мојата визија, јас веќе 20 години сум присутен во јавноста. Македонија за сите, нема да има граѓани од прв ред и втор ред, не смее да има привилегирани граѓани, туку сите треба да бидат рамноправни. Јас не отстапувам од овој концепт, напротив, ќе се ангажирам ова да стане реалност“, изјави Пендаровски за медиумите, пред седиштето на ДУИ во Тетово.
Тој пред медиумите додаде дека важно за земјата е најпрвин да се организираат фер и слободни избори за да ѝ покажеме на Европска Унија дека сме зрели да бидеме дел од европското семејство.
А. Зеќири