• Latest

Пендаровски: Го зајакнуваме присуството во НАТО во Брисел, продолжуваат реформите во Армијата

November 5, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Го зајакнуваме присуството во НАТО во Брисел, продолжуваат реформите во Армијата

November 5, 2020 08:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски вчера одржа воведно предавање на втората НАТО Академија организирана од Евро – Атлантскиот Совет на Македонија. Посочувајќи на фактот дека земјата формално е членка на НАТО од март годинава, Пендаровски истакна дека како држава ќе го зајакнеме значајно нашето присуство во воениот и во цивилниот дел во седиштето на Алијансата во Брисел. Во оваа насока, како што рече, следната недела во НАТО заминува амбасадорот на земјава во Алијансата, пренесува МИА.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, во однос на реформите во нашата Армија, Пендаровски посочил дека „тие продолжуваат и натаму имајќи предвид дека како нови членки на најголемиот политичко – воен сојуз сме должни да ги спроведеме, а за динамиката на спроведување постојано сме и мониторирани“.

Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски „се обврзавме дека од 2024-тата година, ќе издвојуваме по 2% од БДП за Армијата“.

Осврнувајќи се на учеството на припадниците на Армијата во мировни мисии на НАТО, Пендаровски како што се наведува истакнал дека неодамна 44 војници и старешини заминаа во мисијата на КФОР на Косово.

-Учеството во оваа конкретна мисија е особено важно за регионалната стабилност и безбедност. Верувам дека со нашето пристојно учество, како нова земја членка на НАТО, ќе придонесеме кон постигнување на оваа цел. Бидејќи крајната цел на мисијата на КФОР на Косово е токму стабилност на целиот регион, рече Пендаровски.

Во своето предавање, Пендаровски се осврнал на улогата на НАТО во спречување или во намалување на последиците од т.н. Хибридни закани, коишто претставуваат најнов облик на безбедносни закани.

-Една од големите придобивки од нашето членство во НАТО е тоа што Република Северна Македонија е дел од механизмот за размена на информации. Тој механизам овозможува земјите членки на НАТО, но и оние коишто не се дел од Алијансата меѓу себе да разменуваат важни информации коишто помагаат, да речеме во некоја истрага за меѓународен тероризам. Се разменуваат и информации коишто би спречиле и одредени напади. И ова е една од големите придобивки од нашето членство во НАТО, потенцираше претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ