• Latest

Пендаровски и Радев заедно патуваат во Рим на чествување на Светите браќа Кирил и Методиј

May 24, 2021

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски и Радев заедно патуваат во Рим на чествување на Светите браќа Кирил и Методиј

May 24, 2021 10:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателите на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим, откако тоа не го сторија минатата година поради влошената состојба со пандемијата на Ковид-19.

Поради здравствените протоколи на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, делегациите, предводени од двајцата претседатели нема да им оддадат почит на големите сесловенски просветители и основоположници на словенската писменост и литература, денеска, туку посетата е планирана за 26 и 27 мај.

Денеска, на 24 Мај на Денот на сеслосвенските просветители во Рим и Ватикан ќе престојува делегација на МПЦ-ОА, предводена од владиката Пимен, каде ќе чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, двете делегации ќе отпатуваат заедно во Италијанската Република на 26 мај, а на 27 мај претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век Папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од Светите браќа Кирил и Методиј.

Делегациите на двете земји, предводени од Пендаровски и Радев заедно со бугарски авион, ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Според програмата македонската делегација, предводена од Пендаровски и бугарската, предводена од Радев ќе имаат одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск.

Пендаровски минатата недела изјави дека овој чин е еден добар симболичен гест од двете страни, кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ.

-Одиме на заедничко патување и на средби во Ватикан кај папата, затоа што ќе го решаваме спорот. Предлогот беше даден пред еден месец, јас сметав дека е добро со бугарскиот државен авион да ја собере целата делегација од кај нас, од Скопје. Имаме околу 25 места, заедно со новинарите, и нивната екипа брои толку, заеднички да го чествуваме и тоа го правиме традиционално, тоа не е ништо ново. Заради здравствените протоколи кои важат кај папата не можевме да заминеме на денот, на 24 мај, туку ќе заминеме на 26 и 27 мај. Сметам дека ова е еден добар сомболичен гест од двете страни и малку да ја олабавивме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму во преговорите во врска со блокадата, изјави Пендаровски.

Тој појасни дека со Радев нема да преговара, нема да има формални преговори, бидејќи шефовите на државите не се задолжени за тоа, туку заеднички ќе ги чествуваат Светите браќа Кирил и Методиј. Сепак додаде дека со оглед на фактот дека многу време ќе поминат заедно со претседателот Радев, неизбежно е дека ќе стане збор и за спорот, но сето тоа ќе биде во неформален контекст.

Заедничкото патување на Пендаровски и Радев во насока на обидите за олабавување на климата и отворање на патот за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ го поздравија министрите за надворешни работи на Австрија, Словенија и Чешка, Александер Шаленберг, Анже Логар и Јакуб Кулханек, кои завчера беа во посета на земјава и дадоа безрезерва поддршка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

Посетата на Рим, ја оценија како одлична можност да се дискутира за спорот со Бугарија.

-Словенија секогаш вложува многу напори во остварувањето дијалог и знаеме дека со добар дијалог можеме да ги постигнеме посакуваните резултати и сакаме да ве поттикнеме да продолжите по тој пат. Гледаме многу позитивни подобрувања, што беа презентирани денеска и исто така задоволство ни е што претседателите на Северна Македонија и Бугарија заедно ќе отпатуваат в среда во Рим, потенцира завчера Логар на заедничката прес-конфренција со Шаленберг, Кулханек и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Државните делегации на двете земји веќе неколку години заедно оддаваат почит на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“ како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан.

Чествувањето на Светите браќа Кирил и Методиј со различни манифестации се одржува секоја година, а меѓу нив централно место има поклонението на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“ во Рим. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ